Зошто слушањето звуци од природата нè смирува?

Зошто слушањето звуци од природата нè смирува?

Сигурно ви е познато чувството што се појавува кога слушате штурчиња или водопад. Според едно истражување, овој смирувачки ефект е поврзан со влијанието на природата врз нашиот модерен инстинкт за борење или бегање.

Зошто слушањето звуци од природата нè смирува?

Идејата била дека не е ништо ново што слушањето или поминувањето време во природа нè релаксира. Сепак, неодамнешното истражување е првото кое користело апарати за набљудување на срцето, скенирање на мозокот и експерименти за однесување за да се одреди зошто природата има позитивни психолошки ефекти. Во истражувањето спроведено од истражувачите од факултетите Брајтон и Сасекс во Англија, учествувале 17 возрасни луѓе. Тие добиле скенирање со магнетна резонанца. Во меѓувреме слушале звуци од природата или направени од луѓето. Додека ја слушале музиката, испитаниците извршувале задача со која се мерело нивното внимание и време на реакција. Било набљудувано и чукањето на срцето за да се одреди дали има некакво влијание на автономниот нервен систем.

Истражувачите забележале дека работата на мозокот се менувала во зависност од музиката. Слушањето вештачки звуци било поврзано со внимание насочено кон внатре. Природните звуци предизвикале внимание насочено кон надвор.

Вештачката музика предизвикала грижа кај испитаниците за ситуации надвор од нивната контрола. Ова однесување е поврзано со состојби како психолошки стрес, депресија и анксиозност. Во оваа состојба времето на реакција на испитаниците било побавно. Според податоците, истражувачите заклучиле дека звуците од природата помагаат во релаксацијата и добрите емоции.

„Дефинитивно би препорачала прошетка во природа, без разлика дали се чувствувате лошо или добро. Неколку минути бегство можат да бидат корисни. Навистина ми помогнаа звуците што ги користевме кога не можев да станам од работната маса“, изјавила Касандра Голд ван Прааг, една од авторите на истражувањето.

Погледнете и кои видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар