Зошто шансите за развод се поголеми на крајот од август?

Дали сте забележале дека некои од вашите пријатели, кои се во брак, во текот на летото да објавуваат прекрасни фотографии од плажи со своите партнери, на кои се насмеани и изгледаат среќно, а веднаш потоа, кон крајот на летото ви се јавиле да ви кажат дека ставиле крај на нивниот заеднички живот?

(1) Научниците откриваат: Зошто шансите за развод се поголеми на крајот од август?

Веројатно сте биле многу изненадени и се прашувате што е тоа што ги натерало да донесат толку брза одлука? Една неодамна спроведена студија го има одговорот на тоа прашање. Според научниците од Универзитетот во Вашингтон, сопружниците имаат најголеми шанси да се одлучат за развод по долгите одмори – зимскиот и летниот, односно некаде во месеците март и август.

Зошто е тоа така?

Луѓето заминуваат на одмори со очекување дека во текот на периодот за релаксација ќе успеат да најдат одговори на проблемите во бракот и да ги решат на патувањето. Но, кога ќе се соочат со фактот дека не можат да ги средат односите, се враќаат разочарани и веднаш донесуваат одлука за развод.

Зошто токму во месеците март и август?

Паровите кои сакаат да се разведат сепак имаат потреба од организација, од адвокати, од финансии… Токму затоа март и август се оптималните месеци кога успеваат сето тоа да го организираат, веднаш по новогодишните и божиќните одмори или по летните одмори, кога нештата се одвиваат малку побрзо. Научниците посочуваат дека тоа е така затоа што луѓето сакаат да го завршат тој процес побрзо, поради стартот на учебната година (заради доброто на нивните деца).

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар