Зошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?

Зошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?

Кога животот би ви овозможил да го доживеете истото сценарио два пати, би ви дал шанса да ги направите работите поинаку, да го создадете исходот и резултатот кој сте го посакувале, но не сте успеале да го добиете првиот пат, дали би го направиле тоа? Чудата понекогаш се маскираат како втори шанси. Тоа е дар со кој можете да го промените својот живот.

Зошто секогаш треба да веруваме во моќта на вторите шанси?

Колку пати сте запознале некој кој најпрвин не ви се допаѓал, но потоа сте сфатиле дека првата импресија била погрешна? Колку врски и пријателства биле обновени кога вториот пат работите биле поинакви и имале повеќе смисла? Колку успеси сте постигнале на работа кога вашиот шеф ви дал втора шанса да ги поправите работите? Колку песни сте ги мразеле на првото слушање, за потоа да ви станат омилени?

Тоа е иронијата на животот: Мислиме дека првиот пат е единствениот, најдобриот и најважниот пат. Опседнати сме со исправувањето на работите уште од првиот пат и се откажуваме од нештата, а понекогаш и од себеси, кога работите нема да завршат онака како што сме посакувале. Не си даваме втора шанса. Не сме свесни дека нештата се многу пологични и полесни вториот пат.

Луѓето се менуваат, вие се менувате, универзумот се менува; Ако ги забележуваме и вреднуваме само првите промени, ќе пропуштиме многу убави работи во животот. Втората шанса нѐ учи на трпение, мудрост, простување и храброст и тешко е да се направи грешка кога сме толку смели.

Вторите шанси се подарок од универзумот. Добиваме втора шанса да бидеме со некој кој го сакаме, добиваме втора шанса да се подобриме на работа, да отпатуваме, да успееме, да бидеме подобра личност, пријател, родител… Не мора да чекаме да ни се случи нешто тажно за да почнеме да веруваме во вторите шанси или да кажеме како се чувствуваме само затоа што знаеме дека ќе ја изгубиме таа личност.

Дајте си втора шанса, дајте им втора шанса на вашите родители, пријатели, на својата страст, љубов, среќа, дајте му втора шанса на животот. Наречете го случајност, дежа-ву или судбина, животот секогаш ни дава втора шанса, но она што е најважно и највредно е што ќе направиме со неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар