Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Познато е дека некои од светските метрополи, покрај нивните географски имиња, имаат и прекари зад кои се кријат интересни приказни и легенди. Некои од нив претставуваат буквален превод, а некои пак ги симболизираат карактеристиките на граѓаните. Во продолжение прочитајте за потеклото на овие специфични прекари на светските метрополи и дознајте зошто токму Париз е познат како „Градот на љубовта“, а Њујорк како „Големото јаболко“.

1. Лондон – Стариот чад

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Лондон отсекогаш бил зачадено место, но големиот смог од 1952-та година во целост го оправдува ова име. Во текот на 5 последователни денови, воздухот бил загаден во толкава мера што убил повеќе од 4.000 луѓе. Лондон често се нарекува и „Дождовниот град“, а локалното население најдобро знае дека од домот никогаш не се излегува без чадор.

2. Амстердам – Венеција од северот

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Главниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на ова, Амстердам често се споредува со најславниот град со канали – Венеција. Иако тоа им е единствената заедничка работа на двата града, очигледно била доволна за Амстердам да го добие овој прекар.

3. Париз – Градот на љубовта

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Париз бил првиот европски град кој почнал да го користи јавното осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и „Градот на светлината“. Се разбира, целиот град и самата атмосфера се идеални за да го поминете времето со партнерот, а за францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта.

4. Ерусалим – Светиот град

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Овде веројатно не е потребно некое посебно објаснување. Ерусалим има големо значење за светоста и за сите 3 големи монотеистички религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места на светот за овие 3 религии можат да се најдат токму во овој град.

5. Њујорк – Големото јаболко

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Иако се смета дека овој прекар е стар, неодамнешните истражувања покажуваат дека за „Големото јаболко“ е заслужен писателот Едвард Мартин, кој го спомнува ова име во своите книги. Тој пишувал дека граѓаните на другите градови ги сметаат Њујорчаните за алчни и арогантни луѓе, нарекувајќи ги, меѓу другото, и скапани јаболка. Но, и покрај овие факти, Њујорк денес е еден од најпопуларните туристички градови ширум светот.

6. Филаделфија – Градот на братската љубов

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Основачот на градот, Вилијам Пен, сакал да создаде место каде што сите ќе можат да живеат во љубов и слога. Затоа, тој споил два збора од старогрчкиот јазик: „philos“ што значи љубов и „adelphos“ што значи брат. Така, Филаделфија станала и останала градот на братската љубов.

7. Сингапур – Лавовскиот град

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Зборот „Сингапур“ на англиски буквално се преведува како „Лавовски град“. Според легендите, основачот на градот, сер Стамфрод Рафлс, го избрал името откако одгледал еден „мерлион“ што претставува комбинација на лав и сирена, иако во градот никогаш немало ниту лавови, ниту сирени.

8. Мумбај – Градот на соништата

Зошто Париз е градот на љубовта? Приказните кои се кријат зад прекарите на светските метрополи

Мумбај го заслужил ова име бидејќи е најбогатиот град во Индија, па во него пристигнуваат многу луѓе кои бараат подобра работа и подобри услови за живеење. Некои се обидуваат да успеат на секакви можни начини, а тука е сместен и Боливуд или индискиот Холивуд.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар