Зошто мажите не можат да излезат на крај со паметните жени?

Повеќето мажи, свесно или несвесно, бегаат од паметните жени уште на првиот љубовен состанок. Колку сте попаметни толку потешко ќе ви биде да најдете некој кој ќе сака да биде во врска со вас. Можеби излегувате на љубовни состаноци, но сигурно сте забележале дека во одреден момент односот не напредува повеќе, а причината за тоа е моќта на вашиот ум. Поголемиот дел од мажите не се доволно силни за да се справат со паметните жени. Во продолжение прочитајте зошто е тоа така…

Зошто мажите не можат да излезат на крај со паметните жени?

Паметната жена поставува паметни прашања

Паметната жена истражува и поставува прашања на кои некои мажи не се подготвени да одговорат. Уште на првиот љубовен состанок, таа оди во длабочината на нештата и ќе поставува лични и филозофски прашања, бидејќи не може да ужива во површните разговори.

Паметната жена е премногу искрена, дури и нетактична

Паметната жена многу сериозно го сфаќа својот интегритет и верува во искреноста. Таа одговара искрено на секое прашања што ќе ѝ биде поставено, а истото го очекува и од соговорникот.

Паметната жена знае што сака

Паметните жени веднаш знаат дали им се допаѓа некој. Тие се потполно сигурни во нивните чувства и постапуваат согласно со нив. Нивното срце чука само за неколку посебни луѓе и тие добро знаат кои се.

Паметната жена сака цврст однос

Таа сака долги разговори за животот, сака да ги чуе приказните од минатото, да ја разбере болката на партнерот, неговите амбиции и желби. Таа сака да изгради однос кој ќе ги надмине излегувањата и забавата.

Паметната жена не се плаши од интимност

Таа не се плаши од зближување и од можноста да биде повредена во процесот. Таа секогаш ќе ја негува убавината на интимноста во врските.

Зошто мажите не можат да излезат на крај со паметните жени?

Паметната жена може да ве прочита

Таа точно може да види какви луѓе сте и што е она што ве прави ранливи. Иако можеби понекогаш на партнерите им е непријатно поради тоа, паметните жени покажуваат целосно разбирање. Тие сакаат луѓето да бидат свои кога се во нивно друштво, а не да се претвораат во нешто што не се.

Паметната жена копнее по доследност

Паметните жени не сакаат недоследност и несериозно однесување. Тие сакаат да имаат силна и цврста врска, а добро знаат дека доследноста е темелот на секој меѓучовечки однос. Паметната жена никогаш нема да учествува во бесмислените игри на топло-ладно.

Паметната жена е интензивна

Паметните жени ги плашат луѓето околу нив, бидејќи внесуваат голема страст во сѐ што прават. Нивните емоции и мисли се интензивни. Тие никогаш не се рамнодушни кон работите што им значат, а ретко кој е доволно силен за да се справи со таквиот интензитет.

Паметната жена знае силно да сака

Ако не можете да ја сакате силно, таа ќе си замине. Таа не знае да биде во несериозна врска со некој кој ѝ значи или да биде пријател со човекот во кого е вљубена. Кога ќе забележи дека чувствата не ѝ се возвратени, таа полека се оддалечува бидејќи не може да биде со некој што не е подготвен да ѝ ја даде посакуваната љубов.

Паметната жена нема да чека

Таа никогаш нема да ве чека да донесете одлука. Паметните жени се силни и страсни и нема да губат време и енергија на некој што не го цени нивниот ум. Иако тие се во постојана потрага по еден посебен вид љубов, воопшто не се плашат да бидат сами.

Доколку се сметате за паметни и силни, прочитајте зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар