Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Луѓето стареат различно, а оние со азиско потекло имаат репутација дека изгледаат помладо отколку што навистина се. Статистичките податоци покажуваат дека азиските жени имаат подобро здравје и подолг живот. На пример, речиси 1 човек на секои 1 500 луѓе во Јапонија има повеќе од 100 години, а во Кина има ниска стапка на рак на дојката. Па, која е нивната тајна?

1. Имаат поширока структура на коските на лицето

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Како што старееме, доживуваме губење на коските и меките ткива. Бидејќи Азијците имаат поширока структура на коските на средината на лицето, од образите до над вилицата, кај нив помалку се забележува загубата на мекото ткиво. Азијците имаат повеќе масти околу очите, што спречува формирање брчки околу нив. Поради тоа, кај нив не се забележува многу опуштената кожа.

2. Нивната кожа ги штити од сонцето

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Различните бои на кожата имаат многу карактеристики што го прават процесот на стареење уникатен. Најзначајната разлика е количината на меланин во кожата. Колку повеќе имате меланин, толку поголема заштита имате и од сончевите зраци, а брчките што се појавуваат како што стареете, честопати се предизвикани од сонцето.

Азијците имаат повеќе меланин во кожата и подебел дермис, што ги прави линиите на лицето помалку видливи. Количината на меланин кај Азијците се зголемува со возраста.

3. Тие можe да имаат повеќе „безвременски“ гени

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Откриени се вистинските гени кои се поврзани со долговечноста. Тие се нарекуваат гени на Метузалах и се одговорни за обнова на кожата по изложување на сончева светлина и други фактори на животната средина. Засега, истражувањето е спроведено само врз американски и афро-американски жени, а според резултатите, овие гени се наоѓаат двојно почесто кај црните жени отколку кај белите.

4. Нивниот животен стил придонесува за природен младешки изглед

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Како што е и со многу работи, начинот на стареење е комбинација на природата и негувањето. Исхраната, негата на кожата, навиките, вежбањето и многу други фактори играат огромна улога во начинот на стареење. Младешкиот изглед на Азијците може да се должи на балансираната исхрана. Во споредба со западната храна, која е нездрава и позната по тоа што здебелува, азиската кујна вклучува повеќе зеленчук, морска храна и зачини и помалку млечни производи, леб и колачи.

Што се однесува до практиките за убавина, Азијците повеќе се штитат од сонцето поради различните општествени очекувања и стандарди за убавина. А, азиските производи за нега на кожата содржат многу состојки против загадување и стареење.

Бонус: Тие личат на бебиња

Зошто кај Азијците подоцна се појавуваат знаците на стареење?

Постои теорија која сугерира дека многу вообичаени азиски карактеристики на лицето, како што се тркалезното лице, високите веѓи и полните усни потсетуваат на бебиња. Значи, ефектот на „бебешко лице“ е резултат на тоа како другите луѓе ги перципираат овие карактеристики налик на дете, особено кај белите луѓе.

Прочитајте како да се спречи раното стареење на сувата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар