Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

Постојат луѓе кои го организираат секој момент од својот живот. На пример, кога ќе одлучат да одат на патување, тие сакаат да ги испланираат сите свои активности. Од друга страна пак, постојат и луѓе кои сакаат работите да ги прават спонтано, на пример такви кои го импровизираат своето патување и искусуваат работи кои никогаш не очекувале да ги видат или искусат.

Живејте го животот во полн ек: Науката вели дека спонтаните луѓе најмногу се забавуваат

Едно ново истражување од факултетот за бизнис Олин, дел од Универзитетот Вашингтон, ни предложува дека доколку сакате да се забавувате, тогаш најдобро е ако ги оставите сите планери и календари настрана. Габриела Тонието, кандидат за докторат во областа на маркетингот и Селин Малкоч, професор по маркетинг, спровеле 13 социјални експерименти за да проучат како луѓето го поминуваат и искусуваат слободното време. По спроведените истражувања, резултатите покажале дека кога слободното време било планирано, се зголемиле очекувањата, но се намалило уживањето.

„Проучувајќи различни активности во слободно време, постојано откривавме дека планирањето може да направи луѓето да ги чувствуваат забавните задачи како работни задачи и да го намали уживањето“, вели Тонието.

„Откривме и дека детерминантата на планирањето на слободното време произлегува од тоа колку структурирано е нашето време“, додава професорот Малкоч.

Клучниот елемент во пронаоѓањето рамнотежа во планирањето и забавата е грубо да го планирате своето слободно време и активностите кои ќе ги правите во него. На пример, можете да планирате нешто за некој ден без да одредите конкретно време. Со тоа знаете дека активноста е сѐ уште вклучена како план за денот, но ја држите флексибилна бидејќи немате одреден час за нејзиното извршување. Така, правите таа да изгледа повеќе како нешто забавно отколку како работна обврска.

„Со намалувањето на структурата на плановите, грубото планирање не прави слободното време да се чувствува повеќе како работа и со тоа не се намалува ниту уживањето“, објаснува професорот Тонието.

Но, не заборавајте дека не треба секогаш да бидете безгрижни и спонтани, посебно за оние настани кои имаат голема важност за вас и вашиот живот. Понекогаш е добро да се има план, бидејќи така ќе ја зголемите вашата продуктивност. Затоа обидете се да го балансирате своето време и сѐ ќе биде во најдобар ред.

„Од друга страна, заклучивме дека планирањето ни помага подобро и побрзо да ги завршиме работите. Но, штом ќе го сториме тоа, обично уживаме помалку“ заклучува професорот Малкоч.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар