Запознајте се со каракалите: Најслаткиот вид мачки што некогаш сте го виделе!

Запознајте се со каракалите: Најслаткиот вид мачки што некогаш сте го виделе!

Сите мали мачиња се слатки, но овој вид мачки е навистина посебен! Станува збор за каракалите. Овие прекрасни суштества имале големо религиозно значење за древните Египќани. Тие се појавуваат во нивните уметнички слики, бронзени статуетки, додека, пак, скулптурите направени по нивниот изглед се сметале за чувари на гробовите на фараоните.

Запознајте се со каракалите: Најслаткиот вид мачки што некогаш сте го виделе!

Каракалите живеат во Африка, Блискиот Исток и во областа на Индија. Возрасните мачки можат да достигнат тежина од 18 килограми и брзина од 80 километри на час, како и да ве освојат со нивниот уникатен и неодолив изглед. Каракалите иако се диви мачки, можат да бидат припитомени и да се чуваат како домашни миленици. Сепак, дивите животни припаѓаат во нивната природна средина, така што нивното чување во домашни услови е забрането во некои земји.

Погледнете ги фотографиите од овие прекрасни суштества кои ќе ве воодушеват со нивната убавина…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар