Запознајте ја Барбара Палвин – најновиот ангел на Victoria’s Secret

Запознајте ја Барбара Палвин – најновиот ангел на Victoria’s Secret

Барбара Палвин е најновиот ангел на Victoria’s Secret! Таа ќе ја замени славната манекенка Адријана Лима која неодамна се пензионира. Таа го најави своето заминување и ги врати своите ангелски крилја во 2018 година, по 19 години работа за гигантот.

Барбара Палвин има само 25 години, но и долга историја зад себе во модниот свет. Таа одела на голем број модни ревии на славната куќа, рамо до рамо со Тејлор Хил, Кендис Свејнпул, Алесандра Амбросио и други ангели… А сега, таа конечно е дел од нив.

Барбара ја објавила оваа вест на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека е горда што ја претставува Унгарија на светско ниво. И иако нема да биде лесно да се замени најплатената манекенка што ги носеше популарните ВС крилја, Барбара е решена да успее.

Што мислите вие за Барбара?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар