Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Џон Колисон, коосновач и претседател на Страјп, има само 27 години и е најмладиот човек на светот кој станал милијардер благодарение на тоа што започнал свој бизнис. Тој ја основал Страјп во 2010 година заедно со брат му кога имал 19 години. Станува збор за технолошка компанија која го променила начинот на кој луѓето плаќаат онлајн. Џон потекнува од мало село во Ирска и тој дошол во САД за да студира на Харвард, но ги прекинал студиите за да се фокусира на Страјп во Силициумската долина.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Сега Колисон важи за најмладиот милијардер за светот со сопствен бизнис. Неговото богатство изнесува 1,1 милијарди долари, а вредноста на компанијата во 2016-та била проценета дека изнесува 9 милијарди долари. Вреди да се спомене дека Страјп е омилениот избор на огромни компании, како што се Lyft и Фејсбук.

Иако браќата имаат стекнато огромно богатство, тие не заборавиле на своите скромни корени во малото ирско село. Колисон бил одличен ученик кој бил примен на Харвард уште пред да ги полага завршните испити, кои ги положил со највисоките оценки.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Колиба во ирското село

Колисон и неговиот постар брат Патрик веќе станале милијардери пред Џон да се запише на факултет. Тие започнале софтверска фирма која им го олеснила управувањето со трансакциите на продавачите на Ибеј.

И покрај тоа, Колисон отишол во САД за да студира физика на Харвард во 2009-та година.

„Многу е чудно тоа што луѓето се изненадени кога ќе им кажам дека ќе се запишам на факултет. Нема сомнеж дека сакам да одам на факултет“, изјавил Џон во тој период.

Но, следната година, Колисон го сменил мислењето. Тој ги прекинал студиите, се преселил во Силициумската долина и ја започнал компанијата Страјп. На почетокот, браќата возеле велосипеди до нивната канцеларија во Пало Алто секој ден, бидејќи не сакале да трошат пари на автомобил.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Страјп се појавила во јавноста во 2011-та година. Компанијата имала цел да го олесни начинот на кој бизнис фирмите ги примале трансакциите направени онлајн, со тоа што им овозможила да ги процесираат исплатите преку нивните веб-сајтови, наместо да ги принудуваат корисниците да се регистрираат и да отвораат профил.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

До 2015-та година, вредноста на Страјп била проценета на 5 милијарди долари, а до ноември 2016, нејзината вредност пораснала на неверојатни 9,2 милијарди долари. Тоа го зголемило богатството на Колисон на 1,1 милијарди долари и така тој станал најмладиот милијардер во светот со сопствен бизнис на 26-годишна возраст. Денес, компанијата има 750 вработени и е стационирана во Сан Франциско.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Во слободно време, браќата сакаат да уживаат во голем број интересни активности. Колисон е лиценциран пилот и најчесто лета кога има време. Тој е исто така страсен планинар, сака да трча и многу често учествува во екскурзиите организирани од страна на компанијата заедно со своите колеги. Џон објавува и фотографии на социјалните мрежи од неговите авантури со колегите како што е патувањето на планината Тамалпаис.

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Запознајте го Џон Колисон: Најмладиот човек во светот кој започнал свој бизнис и станал милијардер

Мајк Мориц, член на одборот на Страјп, открил дека браќата Колисон биле многу поскромни и поприземни од останатите милијардери. Мора да признаеме дека нивната приказна е неверојатна: Двајца браќа, кои доаѓаат од мало село, ја основаат една од најважните Интернет компании! Кои се шансите да се случи такво нешто?!

Во продолжение прочитајте нешто повеќе и за 10-те млади милионери кои не наследиле ниту денар од нивните родители.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар