Забранет остров: Место каде што времето е застанато

Забранет остров: Место каде што времето е застанато

Хавајскиот остров Нихау е опишан како место каде што времето е застанато, а пристапот до него делумно забранет.

12-zabranet-ostrov-mesto-kade-shto-vremeto-e-zastanato-kafepauza

На островот живеат околу 130 луѓе кои се грижат за природните ресурси. Всушност тие не зависат од погодностите на модерниот свет. Не користат автомобили, немаат струја и генерално одбегнуваат сè што може да предизвика загадување.

Причината поради која била забранета посетата на овој остров лежи во желбата за зачувување на животот кој е потполно во склад со природата. Сепак, во 1987 година донесена е одлука Нихау да се отвори за љубопитните очи, но само на пола ден. Благодарение на ова, туристите имаат можност да уживаат во овие прекрасни убавини на неколку часови.

На Нихау се негува хавајската култура од 1800-та година и поради тоа го нарекуваат вонвременски остров – овде часовниците и календарите како да престанале да важат.

Селото кое е дел од населениот дел на островот, не се наоѓа на програмата за туристи. Животот на жителите е во строга приватност и останува мистерија за надворешниот свет.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар