За оние кои веруваат: Заштитете со од зло со помош на овој древен ритуал со огледало

За оние кои веруваат: Заштитете со од зло со помош на овој древен ритуал со огледало

Огледалото може да ви послужи како амајлија, односно заштита од негативната енергија што доаѓа од луѓе, ситуации и места, затоа што има моќ енергијата да ја пренасочи кон други димензии или да ја одбие од вас. За ова ќе ви биде потребно огледало со димензии од 3 до 5 сантиметри, кое лесно можете да го носите со себе. Своето магично огледало најпрво оставете го да стои на прозорот во текот на ноќта, за да се наполни со месечева енергија, а потоа и преку денот, за да ги собере моќните сончеви зраци.

За сите суеверни: Заштитете со од зло со помош на овој древен ритуал со огледало

Потоа во вечерните часови запалете свеќа, ставете го огледалото над пламенот и изговорете: „Те посветувам со оган“. Потоа дувнете во него три пати и изговорете: „Те посветувам со воздух“. Потоа ставете малку земја над него и изговорете: „Те посветувам со земја“, па на крајот ставете малку вода и кажете: „Те посветувам со вода“. Потоа земете го во рацете, опуштете се и 3 пати гласно изговорете: „Во името на огнот, воздухот, земјата и водата, те молам огледало секогаш да ме штитиш од секакво зло, негативни луѓе и ситуации и да ми донесеш среќа и љубов“.

Одвреме-навреме повторувајте го овој ритуал. По овие постапки, вашето магично огледало е спремно за користење. Кога се наоѓате помеѓу луѓе покрај кои не се чувствувате пријатно, тогаш извадете го вашето огледало и држете го во џебот со лицето свртено кон вас. Тоа ќе ве заштити од сите негативни луѓе и ситуации. Но, не треба да го вадите од џебот. Ако треба да направите нешто во текот на денот, пред да излезете од дома, извадете го своето огледало и држете го во рацете, така што со лицето ќе биде свртено кон вас. Тогаш со раката направете кружни движења околу целото тело и замолете го огледалото да ве штити од зло преку целиот ден, а и да ви даде самодоверба и храброст, па тоа и ќе го направи.

За сите суеверни: Заштитете со од зло со помош на овој древен ритуал со огледало

Предвидување од огледалото

„Гледањето“ во огледалото или во површината со одразот, старите Египќани, Арапи, Персијци, Грци и Римјани го користеле со цел да гатаат. Во Грција, пророците од Тесалија претскажувањата ги испишувале со човечка крв на огледало и се сметало дека тие го научиле Питагора како да гледа во иднината користејќи го одразот на месечината во огледалото. Во Рим луѓето кои биле вешти во „читањето“ од огледало биле наречени спекулатии и биле многу побарувани. Во средновековна Европа биле користени садови со вода кои внатре биле обоени со црна боја. Личниот пророк на англиската кралица Елизабета користел јајце од кристал и огледало од црн опсидијан, кој денес е изложено во британскиот музеј во Лондон. Француската кралица Катарина де Медичи, често се консултирала со своето магично огледало за да ја види иднината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар