Вистинска приказна за пријателството помеѓу едно 4-годишно девојче и еден старец

Вистинска приказна за пријателството помеѓу едно 4-годишно девојче и еден старец

Не постои подобар роденденски подарок од запознавањето нов пријател. Токму ова го доживеела 4-годишната Нора. Имено, минатиот месец, Нора и нејзината мајка, Тара Вуд, биле во продавница да пазаруваат за роденденските колачи, кога покрај нив поминал постар човек.

„Ние се разминавме со повеќе постари купувачи, но Нора беше магично привлечена само од овој човек“, пишува Вуд на Фејсбук во врска со реакцијата на нејзината ќерка. „Нејзиното лице блесна како сонце, таа мавташе возбудено и рече ‘Здраво постар човеку! Денес ми е роденден!’“

Вистинска приказна за пријателството помеѓу едно 4-годишно девојче и еден старец

Најпрво, Вуд се почувствувала нервозна поради одговорот на човекот. „Се обидував да се воздржам затоа што тој не ѝ обрна внимание“, вели Вуд. За нејзино пријатно изненадување, изразот на човекот веднаш се сменил кога сфатил дека малото девојче му зборува токму нему. По неколку минутно зборување, двајцата се поздравиле и се вратиле на своите листи за пазарување. Не поминале ни две минути кога Нора ја прашала мајка си дали може да се фотографира со старецот кој штотуку го запознала. Вуд брзо го пронашла овој човек и му објаснила што побарала Нора. Тој среќно се согласил и двајцата се прегрнале пред камерата, како да се знаат со години, а не од пред само неколку минути. Вуд пишува дека овој старец бил во солзи, па се ракувал со Нора, велејќи ѝ:

„Ова е најдобриот ден што сум го имал после долго време. Ти ме направи многу среќен, госпоѓице Нора.“

Тие потоа ја напуштиле продавницата со торби полни намирници и со нов пријател. Пријателството на Нора и господин Ден продолжило да расте. Минатата недела, господин Ден го прославил својот роденден и секако, Нора била таму со колачиња и балони, пеејќи му среќен 82-ри роденден. Човекот е светол, со голема насмевка кога го држи девојчето во неговите раце. Благодарејќи на честите посети на Вуд, тивките денови кога овој човек седел сам повеќе не постојат. Вуд научила многу за господинот Ден откако Нора прв пат прозборела со него. Таа го опишува човекот како „неверојатно интересен“ и „извонреден.“

„Тој бил професор на универзитетите во целата земја. Има пишувано учебници и е вистински академик“, вели Вуд. „Тој дури има и лиценца за пилот!“

Откако видела колку многу Нора и господинот Ден уживаат во меѓусебното друштво, Вуд се погрижила нивното пријателство да продолжи да трае.

Вистинска приказна за пријателството помеѓу едно 4-годишно девојче и еден старец

„Една импулсивна средба може да го промени животот, само ако го дозволиме тоа“, вели таа. „Знам дека тоа е вистина.“

Вуд го споделила ова прекрасно пријателство со светот, со надеж дека ќе ги инспирира луѓето да бараат стари лица и да поминуваат време со нив.

„Поканете ги дома на кафе“, предложува Вуд. „Понудете им оброк или изненадете ги со цвеќиња без некоја причина. Потсетете се на вашите баба и дедо почесто.“

Понекогаш најмалите гестови имаат најголемо влијание. Пријателството помеѓу Нора и господин Ден е најдобар доказ за ова.

Погледнете ја галеријата и видете ги прекрасните моменти кои ги поминале Нора и господинот Ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар