Вистина ќе ве ослободи, но најпрво ќе ве разлути: 7 цитати на кои треба да се сетите кога сте лути

Вистина ќе ве ослободи, но најпрво ќе ве разлути: 7 цитати на кои треба да се сетите кога сте лути

Воопшто не е забавно да се биде лут, но понекогаш одредени ситуации предизвикува огромен бес во нас и ние мора да најдеме начин како да се справиме со оваа интензивна емоции. Најдобриот начин брзо и ефикасно да се смирите е доколку застанете, направите еден чекор наназад, вдишете длабоко и се сетите на една од следниве моќни цитати.

vistina-kje-ve-oslobodi-no-najprvo-kje-ve-razluti-7-citati-na-koi-treba-da-se-setite-koga-ste-luti-www.kafepauza.mk

„Никогаш не си легнувајте лути. Останете будни и завршете ја расправијата.“ – Филис Дилер

Една од најлошите идеи е да си легнете сред караница. Вие мора да го решите проблемот со вашиот партнер или блиската личност со која имате расправија и да ставите крај на оваа „дебата“. Дури и ако тоа значи да останете будни до подоцна – што е многу подобра опција отколку да ја поминете ноќта со лутина во срцето.

„Вистината ќе ве ослободи, но најпрво ќе ве разлути.“ – Џо Клас

Многу е важно луѓето околу вас да ви ја кажуваат вистината, дури и кога е болно да се чуе. Иако на почетокот може многу да ве разлути, сепак придобивките што ќе ги доживеете на долг рок не можат да се мерат со оние кога би живееле во заблуда.

„Најдобриот борец никогаш не е лут.“ – Лао Цу

Лутината е сосема нормален израз на фрустрација, но ако беснеете за време на расправијата, мала е веројатноста дека од неа ќе излезете како победник. Еден од најдобрите борци на сите времиња, Лао Цу, никогаш не одел во битка лут. Следете го неговиот пример и најпрво смирете се, а потоа сторете го тоа што треба.

„Зборувајте кога сте лути и ќе го одржите најдобриот говор на сите времиња – поради кој секогаш ќе жалите.“ – Амброуз Биерс

Во овој цитат нема сомнеж. Доколку влезете во конверзација со голема лутина, има големи шанси да кажете многу нешта поради кои подоцна ќе жалите. Едноставно обидете се да се смирите пред да почнете да зборувате и дури потоа започнете со разговорот.

„Не чувајте лутина, болка или навреденост во себе. Тоа ви ја краде енергијата и ве држи настрана од љубовта.“ – Лео Бускалија

Лутината го влече животот од вас. Што и да е случува, едноставно не заборавајте дека ниту едно чувство не е вечно, па дури ни лутината. Што побрзо се ослободите од неа, толку поздрави и посреќни ќе бидете понатаму.

„Последиците од лутината се многу потешки од нејзините причини.“ – Марко Аврелиј

Тоа што го правите кога сте лути би можело да биде многу полошо од нештата што ја предизвикале вашата лутина. Внимавајте на зборовите и делата кога сте под дејство на оваа емоција бидејќи последиците би можеле да бидат незамисливи.

„Задржувањето на лутината е како да пиете отров и да очекувате друга личност да умре.“ – Буда

Ова е можеби еден од најважните совети што некогаш ќе ги чуете. Вие мора да најдете начин како да се ослободите од вашата лутина, бидејќи таа повеќе ви штети вам одошто на оној кој ви ја предизвикал. Вие ќе се отруете себеси, додека причинителот ќе си продолжи со својот живот како ништо да не се случило.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар