Вие имате глас и треба да го користите!

Луѓето се тивки, но не треба да бидат. Зборувајте му на светот, дозволете му да ви докаже дека вашите стравови, вашите желби и надежи се слушнати, спознаени. Дозволете да ги осознае вашите дарби, она што можете да го поправите, она што ве повредува и она што може да нацрта насмевка на вашето лице. Светот мора да разбере. Треба да ги слушне луѓето кои го окупираат вашиот простор, го дишат вашиот воздух, се заљубуваат на вашето копно.

Вие имате глас и треба да го користите

Вам ви е даден гласот со причина. Треба само да ја отворите устата и да дозволите зборовите да ја исполнат атмосферата. Без страв. Не треба да се плашите од своите најдлабоки мисли, ставови, верувања, идеи кои ги имате и кои кружат во најдалечните агли во вашиот ум. Не треба да се плашите од она што луѓето ви го велат или она со кое се согласуваат или не. Вам ви е дозволено да имате чувства и уверувања. Независно што и да се случи, вие треба гласно, јасно, силно и смело да ги изговорите сите ваши зборови.

Вие имате глас. Прекрасен, уникатен, оригинален и по малку чуден глас кој е само ваш и ничиј друг. Зошто да го криете? Што ако некој ви каже дека токму вашите зборови се важни, дали тогаш би ги запишале? Да ги исполните страниците и да промените нечие мислење? Она што го имате во себе е важно и не треба никогаш да биде притиснато. Пуштете го својот глас.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар