Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

По неколку години, кога ќе погледнете наназад, на 2019 година ќе се сеќавате како на година во којашто европските градови започнаа да го ограничуваат бројот на туристи. Погледнете кои се причините за ваквите одлуки.

Бројот на луѓе што патуваат со авион е сè уште во пораст

Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

Повеќе од 2,6 милијарди луѓе секоја година минуваат низ европските аеродроми и се очекува овој број да се зголеми за 53 % до 2040 година, а влијанието на туристите предизвикува еколошки, социјални и економски последици во многу градови.

Холандија престана да го промовира Амстердам

Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

Во мај, Холандскиот туристички одбор донесе одлука веќе да не ги рекламира своите поголеми градови како што е Амстердам, откако членовите предвиделе зголемување на бројот на туристи за 50 %, односно од 18 милиони во 2017 година на 29 милиони во 2030 година. Рекламирањето на Амстердам како туристичко жариште беше неверојатно успешен план, но сега приоритетот се префрли на зачувување на културниот идентитет на градот, како и на целта градот да стане подостапен за локалното население. Исто така, членовите на одборот се надеваат дека со ограничувањето на бројот на туристите што ќе доаѓаат во земјата, ќе се намалат отпадот и емисијата на јаглерод диоксид.

Венеција сакаше да воведе влезна такса

Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

Еколозите одамна тврдат дека големите бродови ја зголемуваат стапката на деградација и придонесуваат за бавното тонење на градот. Во градот нема доволно простор за локалното население и разликата помеѓу бројот на туристи и бројот на локалните жители е огромна. Во 1965 година, во Венеција имало 122.000 жители, а сега само 54.000 жители, а причината е тоа што повеќето луѓе не се во можност да си дозволат да живеат таму. Многу советници предлагаат да се воведе влезна такса во согласност со тоа што туристите постојано прашуваат „во колку часот затвора Венеција“.

Барселона се плаши дека ќе ја изгуби душата на градот

Туризмот во 2019: Годината кога Европа започна да ги затвора своите врати

Градоначалникот на Барселона се закани дека ќе го ограничи влезот на патниците што доаѓаат од крстарење тврдејќи дека тие не придонесуваат за економијата на регионот затоа што не преноќуваат во градот и оставаат само неред. Барселона е најпосетуваното пристаниште во Европа и загадувањето на воздухот го направи градот премногу бездушен за живеење.

Според градоначалникот на Барселона, единствената алтернатива за да се спаси локалниот живот е ограничувањето на бројот на туристи. Тој тврди дека за разлика од останатите поголеми градови, Барселона е позната по својата разновидност и по медитеранскиот шарм и тој се плаши дека постои опасност градот да ја изгуби својата душа.

Погледнете ги овие бајковити места што вреди да ги посетите оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар