Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Кога сме деца не сфаќаме дека знаењето е моќ. Постојаното задавање домашни задачи нè прави помалку желни за учење. Но, веројатно ова полека го сфаќаат и наставниците, па во различни држави од светот има воведено часови кои ги навлекуваат децата на учење и во кои тие уживаат.

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Во продолжение прочитајте за различните училишни премети и начини на изведување настава кои ќе ве импресионираат.

1. Среќа (Германија)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Како да бидеме среќни? Многумина од нас би сакале да ја знаат тајната. А, во Германија децата учат да живеат во склад со себе и со светот. Предавањата за среќа се вклучени во повеќе од 100 училишта. Нема тестови или испити, но во текот на годината, секој ученик се обидува да го оствари својот проект за среќа. На пример, тие снимаат видео за тоа што може некој друг да го направи малку посреќен. Тие, исто така, може да станат волонтери или да организираат добротворен настан. Предметот се нарекува „Позитивно образование“.

2. Истражување (САД)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Станува збор за практична настава на која учениците посетуваат локални фарми, ресторани, зелени пазари. Ваквата настава се изведува еднаш неделно и трае пет часа. По ваквата настава учителот го објаснува теоретскиот дел од часот. Ако часот е за храна децата откриваат од каде доаѓа храната, како се произведува, итн.

По теоретскиот час, учениците „отвораат ресторан“ во кој подготвуваат и набавуваат храна, послужуваат и чистат.

3. Комуникации (Шпанија)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Овој предмет е задолжителен во Шпанија и го следат деца од 3 до 11 год. Часовите се опуштени и на нив децата гледаат филмови и разговараат за различни ситуации како комуникација со другите или решавање проблеми. Децата учат како да ги контролираат своите емоции и како да ги сослушуваат другите. На овие часови тие разговараат и за сериозни социјални проблеми.

4. Одржување на домаќинството и Како да се биде потрошувач (Шведска)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Часот за домаќинство е наменет и за момчињата и за девојчињата и на него сите учат да шијат, да готват, да коваат и да изработуваат куќички за птици. Но, тие имаат и теоретска настава на која учат за здравата исхрана, пресметувањето калории и планирањето буџет.

Малите Швеѓани се третираат како возрасни и се учат како да бидат свесни и одговорни, а наставниците ги учат и како да бидат потрошувачи. Ова значи дека тие ги учат своите права како потрошувачи. Сличен предмет под називот „Животни вештини“ е воведен и кај нас.

5. Образование за шумите (Велика Британија)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Децата во Британија уште од мали учат како да се снаоѓаат во шумите. Часовите се посветени на учење за ориентација во шумите, сечење гранки, палење оган, градење колиби, разликување на растенијата што се јадат од отровните. Учениците имаат ваков час секој ден, а како успеваат секојдневно да престојуваат во шума? Тие имаат мали шумички близу нивните училишта, па така ништо не пропуштаат.

6. Часови по дебатирање (Холандија, Израел)

Тринаесетте училишни предмети од различни земји кои би сакале да ги имаат и вашите деца

Во Холандија овие часови се вметнати во часовите по мајчин јазик. На нив, учениците се делат во два спротивставени тима и секој од тимовите го брани својот став. Наставникот ја следи дебатата и аргументацијата на ставовите и внимава да не се појави некој вид агресија или погрешен став меѓу учениците. На тој начин тие учат за меѓусебна толеранција и почитување на различните ставови.

И во Израел учениците имаат сличен тип часови на кои учат за јазикот на телото, мимиките и експресијата, техниките на говор итн.

Продолжете да читате на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар