Три жени храбро зборуваат за тоа зошто ги напуштиле децата и сопрузите

Да се биде мајка без старателство врз децата, и тоа по своја одлука, е вистинска табу тема. Не е лесно, но овие три жени решиле храбро да проговорат за суровата реалност на ваквата ситуација. Тие ги споделиле своите причини, реакциите на околината, како и болката при одделувањето од децата.

Три жени храбро зборуваат за тоа зошто ги напуштиле децата и сопрузите

Ребека (23) од Лондон, мајка на едно дете

Таа раскажува за тоа како лутала по јужниот дел на Лондон, заедно со својот партнер од Естонија, кога дознала дека е бремена. Кога сфатиле дека им треба стабилен дом, тие одлучиле да се преселат во Естонија пред да се роди нивното дете. Но, набргу ѝ станало јасно дека направила голема грешка.

„Се чувствував како заробена птица во кафез. Кога мојот син имаше само неколку недели, јас силно посакав да избегам од сѐ. Немав кому да му кажам што ми се случува и колку бев несреќна.“

Кога син ѝ наполнил две години, ѝ се јавил нејзиниот брат и ја известил дека ќе се жени. Тој повик го доживеала како можност да избега од ситуацијата во којашто се наоѓала. Го известила семејството во Естонија дека ќе оди на свадба кај брат ѝ и повеќе никогаш не се вратила назад. Ребека вели дека ова е најтешката одлука која морала да ја донесе, но сега барем може да дише слободно. Сега таа патува неколку пати годишно во Талин и, и покрај сѐ, има близок однос со нејзиниот син.

Натали (34) од Њујорк, мајка на момче и девојче

Таа одлучила да го напушти својот дом и да ги остави сопругот и двете деца по четири години брак. Нејзиниот сопруг добил целосно старателство над синот и ќерката.

Сѐ тргнало на лошо кога нејзиното религиозно семејство ја присилило да се омажи кога таа имала 26 години. Ја убедиле дека не изгледа добро, дека нема пари и дека мора да ја прифати брачната понуда.
Знаела дека сето ова е една голема грешка уште кога одела кон олтарот, иако глумела спокој и среќа. Останала во, навидум, среќниот брак и кога ги родила децата, но длабоко во себе се чувствувала многу празно.

„Се чувствував како да ми се затапува мозокот. Бев заглавена дома со децата, додека другите жени одеа на работа и го истражуваа светот. Не кажав никому што ме мачи, постојано имав ‘среќен’ лик.“

Откако ги напуштила сопругот и децата, почнала да работи и моментално е шеф на оддел. Децата ги гледа редовно и признава дека на почетокот се срамела од тоа што ги оставила, но не се чувствувала доволно добро за да може да им биде добра мајка. Луѓето и денес се чудат кога ќе им каже дека е разведена, а децата ѝ живеат со таткото.

Марија од Америка, мајка на четири деца

Оваа жена имала само 20 години кога се омажила, а првото дете го родина на 25 години. Од самиот почеток се обидувала да биде добра, „нормална“ мајка. Читала статии и барала совети за тоа како треба да ги исполнува своите мајчински обврски. И покрај сѐ, таа длабоко во себе знаела дека оваа улога не е за неа.
Пресвртна точка во животот веројатно ѝ била смртта на нејзината втора ќерка, која починала од рак на неполни четири години. Големата тага ја навела да ја напушти куќата и да го остави семејството зад себе.

„Чувствував неверојатна болка кога се оддалечував од дома, но чувствував и олеснување… Тоа беше вистинската одлука за моите деца, но и за мене бидејќи си дозволив да откријам која сум како личност. Општеството треба да сфати дека понекогаш е добро за децата мајката да замине од нивниот живот.“

Реакциите од околината биле брутални, а некои дури ѝ велеле дека треба да се стерилизира бидејќи не заслужува да има деца.

Прочитајте ја оваа исповед на една мајка, за тоа кои зборови ја спасиле во првите денови од мајчинството.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар