Тест: Замислете јајце од некое животно и погледнете што кажува тоа за вашата иднина

Тест: Замислете јајце од некое животно и погледнете што кажува тоа за вашата иднина

Замислете дека има едно јајце на масата пред вас. Тоа јајце може да биде во каква било форма, боја, големина или врста. Го земате јајцето. Какво јајце е тоа?

test-zamislete-jajce-od-nekoe-zhivotno-i-poglednete-shto-kazhuva-toa-za-vashata-idnina-kafepauza.mk

  1. Јајце од змија
  2. Јајце од желка
  3. Јајце од диносаурус
  4. Јајце од кокошка

Јајцето е симбол на идните генерации и вашите деца. Јајцето кое го избравте има посебно значење и укажува на тоа какви деца сакате да имате или какви деца ќе имате.

  • Решение

    1. Јајце од змија

    Змијата е симбол на мудроста и скриените богатства, работи кои сакате вашето дете да ги има пред сè. Бидете објективни и не заборавајте дека децата од вас првенствено очекуваат и бараат љубов.

    2. Јајце од желка

    Желките насекаде се симбол за здравје и долг живот. Вие пред сè сакате вашите деца да бидат психички и физички здрави.

    3. Јајце од диносаурус

    Она што најмногу го сакате е вашите деца да израснат во уникатни личности. Вие не сакате тие да се вкалапат во училиштето, работата и воопшто во општеството. Оваа цел која сте ја поставиле е за пофалба, но запаметете дека на патот на израснувањето на вашите деца, првото нешто што тие ќе го направат е – побуна против вас.

    4. Јајце од кокошка

    Вие немате големи соништа и амбиции за вашите деца. Вам ви е важно само тие да се среќни. Сигурноста и обичните задоволства се доволни за нормален живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар