Тест од 4 прашања кој продира во вашата личност: Трговец со накит

Тест од 4 прашања кој продира во вашата личност: Трговец со накит

Тестовите на личноста се секогаш забавни, а понекогаш ни овозможуваат преку навидум обични прашања, да продреме длабоко во себе, да се самоанализираме и да сфатиме што треба да промениме за да го подобриме својот живот. Овој кус тест е токму таков.

1-test-od-4-prashanja-koj-prodira-vo-vashata-lichnost-trgovec-so-nakit-kafepauza.mk

1. Сте отвориле тезга за да продавате накит кој лично сте го направиле. Колку различни производи имате изложено?

2. Еден минувач ви пристапува, ја разгледува вашата тезга и веднаш потоа си заминува притоа не купувајќи ништо. Што си помислувате во тој момент?

3. Приоѓа уште еден потенцијален муштерија, изгледа како да е заинтересиран за една ваша креација. Всушност, тоа е и според вас најуспешниот примерок. Што ќе речете или направите како добар трговец за да го продадете производот?

4. Време е да се затвора и да се оди дома. Според вашето мислење, каква беше продажбата денес?

2-test-od-4-prashanja-koj-prodira-vo-vashata-lichnost-trgovec-so-nakit-kafepauza.mk

  • Решение на тестот:

    Предметите од рачна изработка го продлабочуваат личното чувство за вредноста и значењете. Вашите одговори во оваа приказна всушност покажуваат како вие сакате другите да ве гледаат.

    1. Бројот на различни украсни предмети кои ги продавате укажува на тоа колку различни личности т.е. маски вие покажувате во присуство на луѓе во различни ситуации. Што повеќе ги имате, толку вашиот социјален живот е покомплициран.

    2. Она што го почувствувавте кога го изгубивте муштеријата е многу слично чувство кое го имате доживеано после раскинување или нечие одбивање. Дали имавте впечаток дека некаде сте погрешиле или само сте ги дигнале рамениците и сте си продолжиле со работа или пак ја искористивте приликата да си прокоментирате самите за себе?

    3. Вашиот опис за најдобриот предмет одразува како вие самите ги гледате своите силни страни и како им ги покажувате на другите. Дали сте биле ненаметливи и сте го оставиле муштеријата самиот да одлучи или непрестајно сте зборувале или сте понудиле да ја спуштите цената. Внимавајте, немојте да се продавате евтино.

    4. Вкупната продажба за тој ден е проценка на вашиот успех во општеството. Доколку сте рекле дека сте продале сè, вие сте личност на која не ѝ недостига самодоверба. Ако сте рекле дека тоа бил еден од оние лоши денови – ви треба малку повеќе храброст. Немојте да бидете критични кон себе, купувачите тоа можат да го почувствуваат на километар.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар