Тест на личноста: Дали сте задоволни со вашиот изглед?

Тест на личноста: Дали сте задоволни со вашиот изглед?

Како реагирате кога ќе се погледнете во огледалото? Дали уживате во вашата рефлексија, или не сакате да се соочите со вашиот несовршен изглед? Одговорете на следниве прашања и ќе дознаете како се гледате себеси. Одбележете го одговорот на секое прашање и потоа соберете ги бодовите според табелата.

Тест на личноста: Дали сте задоволни со вашиот изглед?

1. Најнепријатните знаци на стареење за вас се:

А: Намалена подвижност на телото и чест замор
Б: Брчки, опуштени мускули и дебелеење
В: Губење волја и други љубовни проблеми

2. Според вас, во која животна доба жените поминуваат најмногу време пред огледало?

А: Во пубертет
Б: За време на бременост
В: Кога почнуваат да се плашат од стареењето

3. Во која животна доба мажите поминуваат најмногу време пред огледало?

А: Во пубертет
Б: Кога се заљубени
В: Кога чувствуваат дека почнуваат да стареат

4. Според вас, што би требало да направи личноста на која ѝ е срам да се појави во костим за капење?

А: Да го проба костумот уште во пролет за да се навикне на својот изглед
Б: Да почне некоја диета и да се занимава со спорт
В: Да побара помош од психолог

5. Мислите ли дека љубовта е слепа?

А: Не, никогаш
Б: Да, но заслепеноста трае кратко
В: Да, доколку е вистинска

6. Туширање, миење коса, бричење или депилација се…

А: Ритуали што ни помагаат повеќе да се посветиме на себе
Б: Мигови за опуштање кои ни помагаат да се ослободиме од стресот
В: Неизбежни, но досадни нешта

7. Дали ви е полесно да разговарате за своите недостатоци кога се набљудувате во огледало или на фотографија?

А: Во огледало
Б: На фотографија
В: Сеедно ми е

8. Ако треба да разговарате за вашите квалитети, полесно ќе ви биде ако се набљудувате…

А: Во огледало
Б: На фотографија
В: Сеедно ви е

9. Според вас, нудистите се…

А: Луѓе кои сакаат контакт со природата
Б: Луѓе кои не поднесуваат облека
В: Луѓе кои сакаат да се совпаѓаат со природата

10. Кога би морало да држите на диета, што ќе ве мотивира најмногу?

А: После диетата ќе изгледате попривлечно
Б: Ќе можете да се облекувате поубаво
В: Ќе имате подобра кондиција

11. Во лето обично консумираме полесна храна затоа што…

А: Полесно се вари
Б: Почесто спортуваме
В: Тоа е најдобро време за подобрување на кондицијата

12. Најмногу сакате да носите…

А: Елегантна или модерна облека
Б: Облека која ви стои добро и ја истакнува вашата фигура
В: Облека во која се чувствувате пријатно

13. Привлечните луѓе се…

А: Сигурни во себе
Б: Комуникативни и можат да се снајдат во секоја ситуација
В: Љубезни и убави

14. Дали барате совет кога купувате облека?

А: Не
Б: Понекогаш, но само од стилисти
В: Да

15. Чувствувате дека сте во топ форма кога…

А: Се занимавате со некој спорт
Б: Немате вишок килограми
В: Сте добро расположени

Погледнете ги резултатите на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар