Тест: Колку е „испран“ вашиот мозок?

Овој тест ќе ви помогне да дознаете дали и вие сте дел од оние луѓе кои се совршено дизајнирани роботи на системот. За жал, многу индивидуи не знаат како функционира реалноста и токму затоа се препуштаат во меѓусебно борење. Како би можеле да ги разбудиме овие луѓе и да им ја покажеме реалноста во која живеат пред да потонат во целосен тоталитаризам? Првиот чекор е да се охрабриме себеси, но и останатите, да ги одговориме овие прашање.

Тест: Колку е „испран“ вашиот мозок?

1. Теориите на заговор се глупости и не постои информација која може да биде скриена од вас?

2. Оние кои се врвот на пирамидата на моќта постојано размислуваат за вашите интереси и оние на планетата Земја?

3. Правото е на исто ниво со етиката?

4. Личната слобода е основа на нашиот легален систем?

5. Демократијата е во здрава состојба и не постои никаква потреба за промени?

6. Политичарите, академците, новинарите и научниците можат да ја погледнат поголемата слика за начинот на кој системот работи?

7. Масовните медиуми ги пренесуваат најнови новости за вистината низ светот на пристрастен начин?

8. Можете да ја најдете апсолутната вистина преку гледањето телевизија?

9. Системот е дизајниран на овој начин бидејќи поинаку не би можел правилно да функционира?

10. Парите секогаш ќе бидат потребни и тие не се само еден начин на ропство?

11. Страдањето ширум планетата не е резултат на економскиот систем, туку на природни сили?

12. Додавањето токсини во нашата храна, вода, воздух и медицина е добро за нашето здравје?

13. Фармацевтските и медицинските комплекси навистина сакаат да создадат лекови, а не потрошувачи?

14. Научниците навистина се обидуваат да најдат лек за фаталните болести како ракот, и не постои шанса да кријат ваков вид лекови?

15. Природните терапии, како медитацијата, билната медицина и основната здрава исхрана се само глупости наметнати од оние кои веруваат во магија?

16. Образовниот систем е навистина дизајниран да создаде мали суштества кои ќе се откриваат себеси, ќе се грижат за своето здравје, ќе ја пронајдат улогата во општеството и ќе имаат лична слобода?

17. Војните во нашиот свет не се намерно создадени за повеќе моќ и пари?

18. Вашиот непријател се наоѓа во 99,9% од човештвото?

19. Или пак, верувате дека треба да се обедините со луѓето, без разлика колку мали или големи разлики има меѓу вас и да работите заедно за создавање подобра иднина за целото човештво?

  • Резултати:

    Ако одговоривте со „Да“ само на последното прашање, тогаш сè уште сте способни да размислувате самите, без влијание од надворешноста. Но, ако вашиот одговор на сите овие прашања или на дел од нив е потврден, тогаш вашиот мозок без сомнение е испран. Но, не ни верувајте нам, направете сериозно истражување, читајте книги, гледајте документарни филмови и чујте ја другата страна на алтернативните медиуми кои им ја сервираат слободата на луѓето без притоа тие да бидат свесни за тоа. Не се плашете да поставувате прашања и дозволете си да ги чуете и спротивните размислувања – којзнае, можеби ќе научите нешта за кои никогаш не сте биле свесни дека постојат…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар