Тест: Картата што ќе ја изберете ќе ви го даде советот кој ви е потребен во моментот!

Тест: Картата што ќе ја изберете ќе ви го даде советот кој ви е потребен во моментот!

Погледнете ги внимателно сликите, препуштете ѝ се на интуицијата и изберете ја омилената. Можеби таа ќе ви даде совет кој ви е најпотребен во моментот.

Тест: Картата што ќе ја изберете ќе ви го даде советот кој ви е потребен во моментот!

  • Слика бр. 1

    Не можеме да го контролираме целосно нашиот живот и да одлучиме за она што ќе се случува, но можеме самите да одлучиме како ќе реагираме на одредени ситуации. Понекогаш, чувствата како гнев или очај ве ограничуваат и не ви дозволуваат да го живеете моментот целосно, а од друга страна пак, оптимизмот, љубовта и вербата ве прават подобра личност и ве туркаат напред. На крајот на краиштата, не заборавајте дека само вие одлучувате кои чувства ќе доминираат во начинот на кој се справувате со разноразните предизвици во животот.

  • Слика бр. 2

    Како се чувствувате во моментот? Вашиот ум наликува на големо филмско платно на кое ги проектирате вашите мисли. Тие мисли секогаш ќе најдат начин да се манифестираат во реалноста. Ако вашите мисли се позитивни и полни со љубов, обидете се пред спиење да се потсетите со благодарност за сите добри нешта што ви се случиле во текот на денот. Доколку, пак, сте тажни или сте имале некакви лоши искуства, обидете се да ги „реконструирате“ мислите онака како што вие би сакале да се случат.

  • Слика бр. 3

    Оваа слика треба да ве потсети дека секој ден може да ви биде среќен. Не заборавајте дека среќата не зависи од околностите, туку од самите вас и од начинот на кој ги доживувате промените. Зарем не е време да бидете среќни? Зарем не е време да го промените начинот на кој сфаќате одредени нешта во животот? Запомнете дека животот не се состои од проблеми туку од предизвици. Така, наместо да бидете полни со разочарување, верувајте дека секој нов ден ќе биде подобар од претходниот и дека, иако вашиот живот е она што се случува во моментот, најдоброто допрва доаѓа.

Доколку се забавувавте со овој мал тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви помогне да откриете која емотивна рана треба да ја излечите.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар