Тест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!

Тест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!

Погледнете ја сликата внимателно и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува. Тоа ќе ви даде мудра порака!

Тест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!

  • Сонце бр. 1

    Душата е создател кој се појавува таму каде што некогаш владеел хаосот. Вредностите кои ве водат низ животот се честа и моралот. Посветени сте на своите обврски докрај, а притоа се обидувате максимално да ја искористите својата креативност. Ова е нешто што треба да се обидете да го избегнете за да не ја потрошите сета енергија. Имате лидерски вештини кои можат да ви помогнат да ги постигнете вашите цели. Покрај тоа, домот и семејството ви се најважни.

  • Сонце бр. 2

    Ова е сонцето на понизноста. Иако блеска, тоа не е доволно за да ги манифестира сите ваши способности. Но, ова сонце е знак и дека имате голема сила во себе и ги имате сите квалитети за да постанете добар човек. Сепак, има нешто што го попречува вашиот личен развој. Доволно е да бидете искрени со себе и да ги отстранете сите пречки за да заблескате во сиот ваш сјај.

  • Сонце бр.3

    Вашата внатрешна моќ произлегува од спојот на хармонијата и божествената енергија. Вистинската убавина ја барате во древните култури и комуникацијата со духовниот свет. Никогаш не се обидувате да ја занемарите интуицијата. Од друга страна, внимавајте да не станете премногу емоционално кревки. Вашата чиста природа може да ве направи ранливи и наивни во очите на другите. Затоа, обидете се да се заштитите од злите намери.

  • Сонце бр. 4

    Се разликувате од другите со вашите необични идеи и мисли. Сè ви изгледа возможно, а тоа може да биде инспиративно за вас и за оние околу вас. Честопати имате високи очекување од другите, а тоа ви предизвикува заблуди. Освен тоа, во себе носите голема количина енергија која најчесто ја трошите на непотребни работи.

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за како да го искористите вашиот потенцијал.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар