Тест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период!

Тест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период!

Погледнете ја сликата и одберете го сонцето што најмногу ви се допаѓа. Не размислувајте долго и препуштете ѝ се на интуицијата. Она што ќе го изберете ќе ви донесе порака за претстојниот период!

Тест: Изберете сонце и добијте порака за следниот период!

  • Сонце бр. 1

    Вашата храбра душа сè уште не го нашла она што ѝ недостасува. Време е да го пронајдете делчето кое ви недостасува за да бидете целосно среќни. Можеби во вашиот живот има многу фантастични работи, но вашето срце знае дека ве чека нова битка. Вие сте полни со сила и самодоверба. Ако постои ситуација во вашиот живот што не е како што треба, можеби време е да ја оставите зад себе и да продолжите напред. Затоа, не се откажувајте од она што го сакате само за да постигнете споредни цели.

  • Сонце бр. 2

    Среќата само што не тропнала на вашата врата за да ви донесе позитивни искуства. Во блиска иднина ве очекуваат моменти на уживање и повторно зближување со партнерот, пријателите или семејството. Освен тоа, сега ќе можете и полесно да се справите со проблемите и предизвиците благодарение на љубовта од најблиските, а можна е и преселба во нов дом.

  • Сонце бр. 3

    Ако неодамна сте доживеале напнат психолошки момент, ако се чувствувате исцрпени и збунети, тогаш ова сонце ќе ви даде надеж. Тоа ви порачува дека ве очекуваат среќни денови и дека креативниот импулс е на пат. Вашата креативност ќе проникне во секој аспект од животот, а мирот и рамнотежата ќе се вратат.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во годините што доаѓаат.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар