Тест: Изберете слика и добијте насоки и совети за овој месец

Тест: Изберете слика и добијте насоки и совети за овој месец

Сè што треба да направите е да ја изберете сликата која најмногу ви се допаѓа. Таа ќе ви даде мудри совети и насоки кои ќе ви помогнат во остварувањето на вашите цели овој месец.

Тест: Изберете слика и добијте насоки и совети за овој месец

  • Слика бр. 1

    Овој месец е пожелно да се фокусирате на сопствените емоции и да работите на нив. Сè што треба да направите е да се запрашате како тие влијаат врз вашиот живот. Дали лесно им се препуштате на бесот, гневот и дали дозволувате тие да ве водат? Дали кога ќе наидете на проблем се затворате во себе и нешто не ви дозволува да побарате помош? Треба да научите да живеете со проблемите, но да не им дозволите тие да влијаат врз вашиот живот. Нема ништо лошо во препуштањето на емоциите, но неопходно е да знаете како да воспоставите рамнотежа. Техниките како медитација можат да ви помогнат да го најдете долго посакуваниот мир во себе.

  • Слика бр. 2

    Месецов може да биде одлична можност да ги преиспитате сопствените избори. Анализирајте се себеси и сето она што сте го доживеале, без разлика дали е добро или лошо искуство и на крајот ќе ги разберете причините зошто сè се одвивало на тој начин. Ќе сфатите дека тоа е магијата на животот и дека секогаш имате избор, но и одговорност за последиците од изборот. Кога со сето срце ги прифаќате вашите избори, станувате свесни и полесно ви е да извлечете поука од нив, наместо постојано да се жалите на вашата судбина.

  • Слика бр. 3

    Овој месец посветете го на вашата личност и вашата душа. Обидете се да поминете повеќе време со себе, во мир и тишина. Запрашајте се дали она што го работите ве прави навистина среќни или живеете само од ден на ден без некаква јасна цел во животот. Немојте да им се спротивставувате на промените, особено доколку тие ве водат кон целта. Прифатете ги со радост, но истовремено и прифатете се себеси и сакајте се.

Доколку се забавувавте со овој тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви открие што е тоа што набргу ќе си замине од вашиот живот.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар