Тест: Изберете школка и откријте што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни!

Тест: Изберете школка и откријте што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни!

Преку тестовите на личноста можете да откриете многу за себе, некои ваши карактеристики и особини за кои можеби не сте свесни. Овој тест е многу едноставен – треба да изберете една школка од сликата и да ја прочитате нејзината порака за вас:

Тест: Изберете школка и откријте што треба да отфрлите од вашиот живот за да бидете среќни!

  • Школка бр. 1

    Ако ја избравте оваа школка тоа значи дека сте ги издржале бурите и сега сте многу посилни и помудри поради вашето искуство. Носите лузни, но тоа не значи дека така ќе биде засекогаш. Вие сте чувствително и нежно суштество, но ви треба заштита. Внимавајте доколку сте опкружени со негативни луѓе – обидете се да го ограничите вашето време со нив за да ја заштитите вашата чувствителна природа.

  • Школка бр. 2

    Како оваа школка која наликува на мало сонце кое испушта зраци, и вие испуштате светлина до оние со кои доаѓате во контакт. Не треба да престанете да го испраќате тој прекрасен зрак светлина до луѓето, но неопходно е да станете свесни за вашите сопствени потреби и да си поставите граници. Вие сте важни како и сите останати и мора да знаете дека примањето е исто толку важно како и давањето. Клучот лежи во рамнотежата. Оваа школка има одлична симетрија, па така и вие претпочитате да одржувате сè како што треба во вашиот свет: едноставно и урамнотежено.

  • Школка бр. 3

    Ако ја избравте оваа школка, тоа покажува дека е време да се ослободите од нешто што повеќе не ви служи. Можете да се промените ако навистина сакате. Тоа е избор кој само вие – никој друг не може да го направи наместо вас. Можеби треба да отфрлите некои ограничувачки верувања засновани на искуства од детството. Можеби треба да ја оставите болката од минатото и да простите за да продолжите понатаму, создавајќи го животот што го заслужувате. Не дозволувајте повеќе да ве контролираат лутината, тагата и фрустрацијата и почнете да ги правите работите со љубов.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

  1. Makedonka Reply

    Broj 2

Остави коментар