Тест: Изберете карта и откријте што е тоа што ве спречува да бидете среќни!

Тест: Изберете карта и откријте што е тоа што ве спречува да бидете среќни!

Многумина од нас носат рани од минатото кои продолжуваат да влијаат врз нашата сегашна реалност и нè спречуваат да одиме напред. За да го прекинеме овој негативен циклус, мора да ги излечиме нашите умови и срца, оставајќи зад себе сè што ни носи болка и фрустрација.

Тест: Изберете карта и откријте што е тоа што ве прави несреќни!

Изберете една од трите карти. Визуелно сите три се слични, но секоја од нив носи уникатна и карактеристична порака. Картата што ќе ја изберете ќе ви открие што е тоа што ве спречува да бидете среќни.

  • Карта бр. 1

    Има многу нерешени прашања во вашиот живот кои постојано ве принудуваат да носите погрешни одлуки за кои подоцна се каете. За да продолжите напред мора да ги затворите минатите циклуси и можеби за тоа ќе ви треба помош од експерт. Среќата и успесите се можни во вашиот живот, но за да ги примите, прво треба да го ослободите срцето од непотребните работи, за да создадете место за среќа и радост.

  • Карта бр. 2

    Самодовербата е вашата најголема сила која ви овозможува да издржите дури и кога се сомневате во себе или имате тешкотии. Имате голем потенцијал да постанете личност која отсекогаш сте сакале да бидете и да го живеете животот каков што отсекогаш сте посакувале, но мора да се ослободите од минатото. Не заборавајте дека она што се случило во минатото не може да се промени, но секогаш можете да направите нешто за да го подобрите вашиот живот

  • Карта бр. 3

    Ве очекува голем успех во иднина поради сиот труд што го вложувате во моментот. Успех, љубовна врска, авантура – судбината ве подготвува за добри работи, но за да уживате во нив најдобро што можете, важно е да престанете да гледате во минатото. Не е важно колку сте сакале некоја личност или начин на живот бидејќи тоа веќе не е ваша реалност. Еден од најдобрите начини да се ослободите од минатото е да прибегнете кон свеста и мудроста бидејќи само така ќе најдете подобар живот.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува оваа пролет.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар