Тест: Изберете една од картите со астрална врата и откријте какви времиња ве очекуваат!

Тест: Изберете една од картите со астрална врата и откријте какви времиња ве очекуваат!

Погледнете ги картите на сликата, смирете го умот и одберете ја онаа која најмногу ве привлекува. Таа ќе ви открие какви времиња ве очекуваат.

Тест: Изберете една од картите со астрална врата и откријте какви времиња ве очекуваат!

  • Карта бр. 1

    Доколку ја избравте оваа карта, тоа значи дека се приближувате кон исклучително тивки времиња без непредвидени проблеми и тешкотии. Ако сепак, наидете на некаков предизвик, не треба да се грижите бидејќи сè ќе се реши брзо. Без оглед на изборот што ќе го направите, тој нема многу да ви влијае во животот бидејќи сè ќе се одвива како што посакувате. Но, важно е да запаметите дека треба да имате позитивен став. Доволно е да верувате во себе и ќе видите дека сè ќе се одвива во посакуваната насока.

  • Карта бр. 2

    Доколку ја избравте оваа карта неопходно е да знаете дека вие самите треба да одлучите за тоа што ќе правите во следните неколку месеци, особено ако сакате да бидете успешни во она што го работите. Не мора секогаш да се потпирате на другите. Дури и ако е силно искушението да побарате помош (со оглед на тоа дека ве очекуваат тешки задачи), запомнете дека самите најдобро ќе ги завршите обврските. Фокусирајте се на целите и обидете се да бидете колку што можете повнимателни. На тој начин ќе успеете да ги реализирате своите цели. Обидете се сериозно да ги извршите задачите кои ви се доделени вам и направете го тоа на најдобриот можен начин. Доволно е да го следите сопствениот инстинкт.

  • Карта бр. 3

    Доколку ја избравте оваа карта, со задоволство ве информираме дека за кратко време ве очекува среќен период бидејќи сè ќе се одвива во вистинската насока и нема да ве мачат никакви грижи. Ќе почувствувате дека конечно сте го постигнале сето она што сте посакувале. Згора на тоа, ќе имате време да се одморите и опуштите. Бидете опкружени со луѓе кои ви мислат добро и само така ќе можете докрај да уживате во убавите изненадувања што судбината ги има за вас.

  • Карта бр. 4

    Доколку ја избравте оваа карта, знајте дека за кратко време ќе постигнете голем напредок и тоа благодарение на генијалноста, рационалноста и брзината што ги поседувате. Сè што отсекогаш сте посакувале сега ќе се оствари! Сепак, не преценувајте ги своите способности. Ако имате можност, побарајте помош од некој кому му верувате бидејќи само на овој начин ќе ги остварите своите соништа. Покрај тоа, не двоумете се да побарате помош од другите бидејќи тие со задоволство ќе ви помогнат ако ве сакаат и почитуваат.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете која е мисијата на вашата душа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар