Тест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!

Тест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!

Вдишете длабоко и погледнете ги овие 3 карти. Интуитивно изберете ја онаа карта со мандала што најмногу ве привлекува, а таа ќе ви открие изненадувачки аспекти од вашиот живот.

Тест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!

  • Карта бр. 1

    Иако на светот му изгледате како ладна и силна личност, всушност, во вас се крие многу љубов која би можеле да ја дадете на сите околу вас. Се грижите за она што другите го чувствуваат и сакате да дадете сè од себе за среќата секогаш да биде присутна во животите на оние што ги сакате. Од друга страна, потребно ви е време за да се поврзете со луѓето бидејќи внимателно ги набљудувате нивните личности и се обидувате да ги натерате да се однесуваат со вас онака како што заслужувате. Меѓутоа, штом ќе утврдите дека некој е навистина добар за вас, вложувате многу во таа врска. Мора да внимавате и на вашата желба секогаш да им давате сè на луѓето околу вас бидејќи тие нема секогаш да ги препознаат вашите напори и затоа понекогаш можете да бидете повредени.

  • Карта бр. 2

    Вие сте тип на личност која постојано има планови за животот и секогаш прави сè што може за да ги оствари. Секогаш сте посветени, активни, организирани и полни со сила која ќе ви помогне да ги надминете сите тешкотии и да го создадете животот што отсекогаш сте сакале да го живеете. Откажувањето за вас никогаш не е опција, а дури и во најтешките времиња можете да најдете зрно надеж за да продолжите понатаму. Тоа значи и дека не можете да останете во близок контакт со оние кои избираат да бидат „жртви“ бидејќи вие не се однесувате така во животот. Многу добро ви оди, но внимавајте да не се фокусирате само на работата. Одвојте малку време да поминете време со оние кои ве сакаат и да го правите она што го сакате, бидејќи ова позитивна енергија е од суштинско значење за вашето патување.

  • Карта бр. 3

    Вие сте позитивна и енергична личност која сака интензивно да го живее животот. Тоа значи дека секојдневната рутина не ве мотивира бидејќи уживате во различни и уникатни искуства кои ви дозволуваат вистински да се поврзете со себе. На моменти можете да бидете малку импулсивни, но тоа е вашиот начин на живот. Сепак, може да имате уште поголема корист ако научите да бидете малку потрпеливи, бидејќи работите нема секогаш да одат како што сакате. Имајте на ум дека понекогаш е потребно време за да дојде најдоброто.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет за јануари 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар