Тест: Изберете ангелски крилја за да откриете која особина ви помага да се справите со тешкотиите

Тест: Изберете ангелски крилја за да откриете која особина ви помага да се справите со тешкотиите

Која особина ви помага да се справите со тешките ситуации? Погледнете ја оваа слика и одберете ги ангелските крилја кои најмногу ви се допаѓаат. Дозволете интуицијата да ве води, а крилјата што ќе ги изберете ќе ви откријат што ви помага да се справите со тешкотиите.

Тест: Изберете ангелски крилја за да откриете која особина ви помага да се справите со тешкотиите

  • Крилја бр. 1

    Доколку ги избравте првите крилја тоа значи дека секогаш се обидувате да ги контролирате нештата. Самоуверени сте, одговорни, се потпирате само на себе и не ве интересираат мислењата на другите, но подготвени сте да ги слушнете луѓето што ги почитувате. За време на тешките ситуации најчесто преземате целосна одговорност за последиците без да обвинувате некого или да чекате некаков спасител. Освен тоа, знаете како да учите од вашите искуства и на тој начин не ги повторувате истите грешки. Вашето мото е – Потпрете се само на себе!

  • Крилја бр. 2

    Вие сте оптимист по природа, имате голема внатрешна сила, можете да регенерирате енергија сами по себе и на тој начин брзо да закрепнете. Другите понекогаш ве сметаат за површна и емотивно нестабилна личност, но тоа е погрешно мислење. Меѓу другото, вие и самите не сте свесни колку сте силни по природа. Во тешките ситуации вашата непоколеблива вера дека сè ќе биде добро ви дава нови можности и го создава она што другите го нарекуваат „чудо“. Вашето мото е – Сè ќе биде во ред!

  • Крилја бр. 3

    Доколку ги избравте овие крилја тоа значи дека сте паметни, снаодливи и практични. Вашата голема креативност секогаш ви доаѓа на помош во тешките ситуации. Покрај тоа, имате одлична интуиција така што можете однапред да ги предвидите претстојните проблеми и да имате време за стратегии. Понекогаш тоа го правите потсвесно, а потоа се чудите самите на себеси велејќи си: „како успеав да го направам тоа навреме?“. Вашите најблиски ве сметаат за среќна личност, но во вашиот случај тоа се должи на комбинацијата од вашата вродена способност за набљудување и внесување креативност во она што го правите. Вашето мото е – Следете го срцето!

Доколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг кој ќе ви открие каде лежи изворот на вашата среќа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар