Тест: Дрвото на желбите ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!

Тест: Дрвото на желбите ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!

Од наведените јаболка треба да го изберете она што ве привлекува најмногу следејќи ја интуицијата. Вашиот избор открива дали желбата ќе се оствари и што треба да направите за да го привлечете она што го сакате во вашиот живот.

Тест: Дрвото на желбите ќе ви открие дали вашата желба ќе се оствари или не!

  • Јаболко бр. 1

    Желбата наскоро ќе се оствари.

    За ништо да не ве спречи да го постигнете планираното, важно е да ги чувате вашите мисли во тајност. Завидливите луѓе би можеле да им наштетат на оние кои се навикнати да се фалат со своите достигнувања.

  • Јаболко бр. 2

    Желбата ќе се оствари за неколку месеци.

    Доколку сакате да го забрзате процесот на остварување на желбата, треба да го користите методот на визуелизација и да верувате дека сè ќе заврши добро.

  • Јаболко бр. 3

    Желбата нема да ви се оствари ако се препуштите на слабостите и само седите и чекате.

    Активните, фокусирани луѓе ќе бидат среќни ако следат едноставно правило: да одат кон целта и да не се плашат од привремени тешкотии.

  • Јаболко бр. 4

    Замисленото нема да се оствари поради ненадејните животни промени.

    За да избегнете проблеми, важно е да ги следите знаците на судбината и да не ги игнорирате предупредувањата. Ова ќе ви помогне да избегнете големи проблеми и неуспеси.

  • Јаболко бр. 5

    Желбата ќе ви биде исполнета во рок од една година.

    Доколку не сте сигурни дека вашите соништа ќе се остварат, но потајно се надевате на поволен исход, треба да се фокусирате на сè што се случува во животот и да го слушате внатрешниот глас. Тој сигурно ќе ви го покаже патот кој води до успехот.

  • Јаболко бр. 6

    Желбата нема да се исполни ако се однесува на себични мисли.

    Доколку искрено сакате да ви се исполнат вашите најдлабоки соништа треба уште еднаш да ја преиспитате својата желба и да си поставите граници за случајно да не повредите познаници или блиски луѓе.

  • Јаболко бр. 7

    Ќе се исполни желбата поврзана со љубов или материјална благосостојба, но не наскоро.

    Доколку сакате да најдете љубов, важно е да не ги занемарувате знаците околу вас. Доколку, пак, сакате финансиски просперитет, добро би било и одвреме-навреме да ризикувате.

  • Јаболко бр. 8

    Вашата желба наскоро ќе се оствари доколку покажете дарежливост и несебично им помагате на оние на кои им е потребна помош.

    Вашите добри дела ќе најдат ехо во универзумот, а универзумот ќе знае како да го награди чистото срце.

  • Јаболко бр. 9

    Желбата ќе се исполни само ако е реална.

    Обидете се да бидете поконкретни и попрецизни во визуелизацијата на вашата желба. На тој начин универзумот ќе знае како да ви помогне.

Доколку се забавувавте со овој тест на личноста, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете која е желбата на вашата душа.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар