Тест: Брзината на пишување го открива вашиот карактер

Тест: Брзината на пишување го открива вашиот карактер

Дали сте знаеле дека можете да дознаете нешто за себе, врз основа на брзината со која пишувате? Вклучете ја штоперицата, земете лист и пенкало и пишувајте една иста реченица цела минута, а потоа пребројте ги карактерите и прочитајте ги резултатите.

Тест: Брзината на пишување го открива вашиот карактер

Многу бавно пишување

Пишувањето помалку од 100 карактери во минута укажува на многу мирна, сочувствителна и внимателна личност. Овие луѓе се многу аналитични и пасивни и тешко можете да ги импресионирате.

Бавно пишување

Пишувањето помеѓу 100 и 130 карактери во минута укажува на многу интелигентни личности и внимателни набљудувачи, кои лесно ги прилагодуваат своите потреби спрема условите во средината. Имаат одлична меморија и ведар дух.

Пишување со средна брзина

Луѓето кои пишуваат помеѓу 130 и 170 карактери во минута имаат стабилен карактер. Поседуваат добро развиени социјални вештини и имаат одлична смисла за организација.

Брзо пишување

Оние кои пишуваат помеѓу 170 и 200 карактери во минута се личности кои брзо размислуваат, имаат одлични идеи и јасно ги воочуваат сите димензии на одредениот проблем. Овие луѓе не поднесуваат монотонија и обично се родени лидери.

Супербрзо пишување

Преку 200 карактери во минута пишуваат луѓе кои имаат исклучително остар и брз ум, но понекогаш се површни и непрецизни. Љубопитни се и нестрпливи и сакаат да се занимаваат со уметност. Лесно можете да ги воодушевите, но уште полесно можете да ги разочарате.