Татко ја врзал ќерка му на ланец и неговото објаснување за оваа постапка предизвикало поделени мислења

Татко ја врзал ќерка му на ланец и неговото објаснување за оваа постапка предизвикало поделени мислења

Дали би си го врзале детето на ланец? Оваа помисла веројатно им поминала низ глава на сите родители, но ретко кој се осудил навистина да го стори тоа. Еден татко одлучил да го направи токму тоа за време на посетата на земјоделскиот пазар со неговата ќерка. Иако очекувал бурни реакции, многу родители ја поддржале неговата постапка.

Татко ја врзал ќерка му на ланец и неговото објаснување за оваа постапка предизвикало поделени мислења

Клинт Едвардс има свој блог за родители по име „Немам поим што правам: Блог на тато“ (No Idea What I’m Doing: A Daddy Blog). Тој на својот блог го напишал објаснувањето за неговата одлука кое станало вирално откако го објавил на Фејсбук. Во продолжение прочитајте го неговото целосно објаснување…

Бевме на земјоделскиот пазар. Не се срамам. Го врзав детето на ланец. Таа е многу диво дете и на овој начин таа не излетува на улица и не ја става раката во машината за правење сладолед, а истовремено и јас не си ги губам нервите.

Вистинскиот проблем кај дивите деца е тоа што сте осудени ако ги имате, но осудени сте и ако ги немате. Да не ја врзев Аспен на ланец додека се шетавме во забавниот парк, зоолошката градина, преполниот трговски центар и земјоделскиот пазар, таа ќе беше едно од децата кои ги прогласуваат за изгубени преку разглас. Таа ќе беше едно од децата кои излегуваат на новостите на Фејсбук поради тоа што заталкале на паркингот од трговскиот центар без родител. Таа можеби ќе беше детето кое влегло во кафезот на тигарот.

Јас не можам да го спречам нејзиното движење. Нејзината љубопитност е неверојатна и иако нејзиниот чекор е само 30 центиметри долг, таа се движи побрзо од спортист на Олимпијада.

Секако дека добивам прекорни погледи од непознати луѓе. Всушност, најверојатно ќе добијам коментари од типот „Јас сум совршен родител и токму затоа ти си за никаде“ на оваа објава. На таквите имам да им го кажам само следново „Се грижам за безбедноста на детето додека истовремено си ги чувам нервите и затоа оваа одлука вреди 100%“. Вистината е дека таа ќе се смири. Ќе разбере, бидејќи сите деца разбираат. Но, додека да дојде тој ден, ќе направам сѐ што можам за да ја држам подалеку од секаква опасност, па дури и тоа да значи дека треба да ја врзувам на ланец.

Татко ја врзал ќерка му на ланец и неговото објаснување за оваа постапка предизвикало поделени мислења

Некои луѓе не биле импресионирани од ваквиот начин на воспитување:

„Тоа што си го врзуваш детето на ланец кажува многу за твоето знаење околу воспитувањето, дисциплината и нереалистичните безбедносни параметри и затоа треба да бидеш осудуван. Децата на 2-годишна возраст разбираат едноставни команди, емпатија, причина и последица. Ланецот е симбол на тоа дека родителот го пропуштил возот кога требал да се здобие со правилни техники на подучување од кои зависи детскиот социјален развој. Терминот ’диво дете’ е неук изговор. Не постои недостаток на ресурси што би му помогнале на кој било родител да ги подобри неговите родителски техники и методологии. Особено кога станува збор за воспоставување основна дисциплина и бихевиорални очекувања од детето. Едно нешто е сигурно… Детето не е виновно. Ланецот е погрешна одлука.“

Но, многу други родители се согласиле со овие методи…

„Порано многу ги осудував ваквите работи. Но, потоа родив деца. Продолжи така и понатаму!“

„Ги врзував сите мои 4 деца. Сега тие се возрасни и немаат никакви трауми од тоа што биле врзувани на ланец. Иако моите браќа го научија едното од децата да лае по луѓе додека е на ланец, тоа беше единствената негативна работа. Мислам дека оваа техника треба да се пренесе и на идните генерации.“

„Мислев дека сме го надраснале ланецот… Но, пред неколку недели, ќерка ми буквално се обиде да скокне во река. Без страв. Без никаков сомнеж. Го фатив детето токму пред да скокне, а таа беше лута на мене што сум ја спречила.“

„Сѐ додека луѓето полни со предрасуди не се соочат со дете кое постојано трча или, како што опишуваш, со дете кое дивее наоколу, никогаш нема да разберат. Само родителите на хиперактивните деца го разбираат ова без никакво објаснување.“

„Јас сум баба на 7 деца и никогаш не сум искористила ланец на моите 3 синови. Живееме во поинаков свет и попрво би видела дете заврзано на ранец отколку изгубено или киднапирано дете. Многу патувам и им се поклонувам на храбрите родители кои со гордост го користат ланецот. Безбедноста никогаш не мирува ниту, пак, трговците со деца.“

Што мислите вие за ова? Го поддржувате ваквиот начин на грижа за безбедноста на детето или пак мислите дека овој метод е премногу екстремен?

Погледнете како татко ја спрема својата ќерка за на училиште.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар