Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

На 25-годишна возраст, Гарет Ги без сомнение го живее животот од соништата. Откако развил апликација која подоцна сопствениците на Снепчет ја купиле за неверојатни 54 милиони долари, тој решил да тргне на неверојатна авантура. Гарет го продал поголемиот дел од нештата кои ги поседувал и веќе 9 месеци патува ширум светот, заедно со својата сопруга и двете дечиња.

(1) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

Интересно е што тој сè уште не ги ни допрел парите кој ги заработил од договорот со Снепчет. Всушност, тој вели дека и други професионалци би можеле малку да уживаат во својот живот така што ќе се ослободат од нештата кои не им се потребни и ќе ги вложат парите од нив во фонд за патување.

(2) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

„Почнете да продавате дел од вашите работи и тргнете на мини одмор“, вели тој. „И ако ви се допадне тоа, продадете повеќе нешта и тргнете на друг одмор. Обидете се!“

(6) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

Авантурите на Гарет започнале пред година дена, додека тој и неговото семејство живееле во Силициумската долина. Откако тој ја продал својата апликација, голем број инвеститори чекале да се впушти во друг бизнис, нудејќи му можност да ја спонзорираат неговата работа, но тој ги одбил и одбрал на патува и поминува повеќе време со неговото семејство.

(3) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

Денес, тој е на траен одмор. Тие продале скоро сè што имаат за 50.000 долари – сума доволна за да прошетаат околу светот. Подоцна почнале и блог наречен „The Bucket List Family“ кој им овозможува доволно поддршка за нивното патување. Исто така, Гарет развива и нова апликација додека патува.

(4) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

„Сакав да го дизајнирам мојот живот, па создадов кариера од тоа“, вели тој.

(5) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот

Сè што во моментов ова семејство поседува може да се собере во 2 ранци и куфер. Ако нè прашувате нас, тоа е сосема доволно за нивните авантури ширум светот.

(7) Татко ја продал својата апликација за 54 милиони долари и потоа го одвел семејството на пат околу светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар