Тајната е во бројот: Откријте кој е идеалниот датум за вашата свадба

Според нумерологијата, броевите и животот имаат нераскинлива врска. Секој има свој личен број што може да открие многу за вашиот карактер и за иднината, но исто така може да ви помогне да го изберете вистинскиот датум за одреден важен настан бидејќи тој број влијае и врз вас.

Тајната е во бројот: Откријте кој е идеалниот датум за вашата свадба

Ако сакате да откриете кој е најсреќниот ден за вашата свадба, треба да ги соберете вашиот личен број и личниот број на партнерот.

На пример, ако вашиот личен број е 5, а личниот број на вашиот партнер е 3, вашиот збир изнесува 8. Не заборавајте дека двоцифрeниот број треба да го сведете на едноцифрен број. На пример, 7 + 4 = 11, 1 + 1 = 2.

Сега додадете ги цифрите од датумот што сте го посакале за вашата свадба и додајте ги во збирот на вашите лични броеви.

На пример, збирот на личните броеви е 8, а вие сакате да стапите во брак на 12 август 2020 година.

1 + 2 + 0 + 8 + 2-0 + 2 + 0 = 15
1 + 5 = 6
6 + 8 = 14
1 + 4 = 5

Вашиот брачен број е 5. Откријте подолу кои датуми или денови во месецот се идеални за свадба врз основа на брачниот број.

Брачен број 1 – идеални денови се 1-виот, 10-тиот, 19-тиот и 28-миот ден во месецот.

Брачен број 2 – идеални денови се 1-ви, 7-ми и 17-ти, а ако не се достапни, следните најсреќни датуми се 2-ри, 20-ти, 29-ти.

Брачен број 3 – идеални денови се 3-ти, 9-ти, 12-ти, 30-ти.

Брачен број 4 – идеални датуми се оние чиј збир изнесува 1 или 7, а потоа 13-тиот и 22-риот ден во месецот. Луѓето со брачен број 4 никогаш не треба да изберат ден чиј збир е 4, затоа што тоа не им носи среќа и е знак на сиромаштија.

Брачен број 5 – идеални датуми се оние чиј збир е 9. Следните среќни датуми се 14-ти или 23-ти, а дефинитивно треба да го избегнувате петтиот ден во месецот или датумот чиј збир изнесува 5. Имено, комбинациите од две петки симболизираат развод и неверство.

Брачен број 6 – идеални денови во месецот се 6-ти, 15-ти и 24-ти и сите датуми чиј збир е 6 или 9.

Брачен број 7 – идеални датуми се оние чиј збир изнесува 1 или 3, а најдобрите денови во месецот се 7-ми, 16-ти и 25-ти.

Брачен број 8 – 8-миот, 17-тиот и 26-тиот ден во месецот и сите датуми чиј збор изнесува 1.

Брачен број 9 – најсреќниот ден во месецот за свадба е 9-ти и сите датуми чиј збир изнесува 9. Следните најсреќни денови се 18-ти и 27-ми и сите датуми чиј збир е 3 или 6.

Погледнете кои 9 научно докажани знаци откриваат дека вашиот брак ќе трае засекогаш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар