Овој маж ги запишувал сите пати кога сопругата го одбила за секс и ѝ ја пратил листата кога отишла на пат

Бракот не е лесен и речиси секој има слушнато дека „бракот бара работа“. Штом ќе помине фазата на медениот месец, не е лесно да се одржи врска што ќе ве исполнува. Сепак, постојат одредени предупредувачки знаци кои покажуваат дека врската воопшто не е онаква каква што треба да биде.

Сопруг ѝ пратил листа на сопругата со нејзините изговори кога иницирал секс

Па, кои се овие знаци? Недостаток од романса или интимност? Или можеби листа со причини зошто сте одбивале да спиете со партнерот? Една жена решила да го сподели на социјалните мрежи имејлот што го добила од нејзиниот сопруг пред да оди на деловно патување.

Мојот сопруг (26) и јас (26) сме заедно 5 години од кои 2 сме во брак. Само што купивме куќа пред 5 месеци. Уште немаме деца. Но нашите животи беа луди. Поминавме многу време реновирајќи ја куќата. На работа добив дупло повеќе обврски откако некои од моите колеги беа отпуштени. Се здебелив во текот на зимата и редовно одев во теретана за да се ослободам од вишокот килограми.

Едно утро, додека бев во такси на пат кон аеродромот, сопругот ми испрати имејл на службената адреса што ми е поврзана со телефонот. Никогаш не го направил ова, секогаш комуницираме во живо или преку пораки. Го отворив и тоа беше саркастично писмо кое всушност кажува дека нема да му недостасувам 10-те дена кога ќе бидам отсутна. На него имаше прикачено листа од сите моменти кога се обидел да иницира секс од 1-ви јуни, со колона со моите „изговори“ зошто не сум сакала секс во тој момент. Според овој „документ“, сме имале секс 3 пати во изминативе 7 недели од 27-те „обиди“ од негова страна.

Ова е страна од него што ја немам видено претходно – огорчен, незрел и полн со омраза. Во живо се однесуваше нормално, можеби малку отсутно минатата недела. Нашиот сексуален живот е влошен изминативе неколку недели, но зарем тоа не е дозволено? Ние сме возрасни со зафатени и стресни животи. Готвам за него, му ја перам облеката, ја одржувам куќата чиста. Не дека нашиот сексуален живот засекогаш ќе биде вака, ова беше привремено забавување поради околностите.

Се обидов да му се јавам 3-4 пати пред да се качам во авион – немаше одговор. Кога слетав на мојата дестинација, се обидов да му се јавам уште 2 пати – немаше одговор. Му напишав порака дека треба да разговараме и дека треба да ми се јави веднаш штом ќе може. Немаше одговор. Никогаш намерно не ја игнорирал комуникацијата со мене. Па, останав во хотелот цела вечер чекајќи покрај телефонот, а потоа заспав со плачење.

Сега е утро и сè уште ми се нема јавено. Треба да посетувам клиенти во наредните 9 дена и сум емоционален хаос. Зошто ми го направи ова? Што треба да правам?

Жената ја прикачила и листата што ја добила од сопругот.

Сопруг ѝ пратил листа на сопругата со нејзините изговори кога иницирал секс

  • 03.06: „Гледам серија“ (реприза на „Пријатели“)
  • 04.06: „Се чувствувам испотено и грозно, ми треба туширање“ (Не се истушира до следното утро)
  • 06.06: (невербално)
  • 09.06: „Преморена сум“
  • 10.06: Секс
  • 11.06: „Малку сум изморена од вчера“
  • 12.06: (невербално)
  • 13.06: Се обидувам да го гледам филмов“ (заспа по 15 минути)
  • 16.06: „Премногу сум пијана и многу изедов“
  • 18.06: „Нема да имам време да се истуширам и да се подготвам за вечера“ (пристигнавме 20 минути порано)
  • 19.06: „Само што се вратив од теретана. Се чувствувам грозно“ (не се истушира до следното утро)
  • 20.06: (невербално)
  • 21.06: „Треба да станам рано.“
  • 22.06: (невербално)
  • 27.06: Секс
  • 29.06: „Премногу си пијан“
  • 30.06: „Се чувствувам грозно“
  • 01.07: „Не се чувствувам добро, изедов премногу храна“
  • 03.07: „Испотена сум и грозна, и изморена сум.“
  • 04.07: (невербално)
  • 05.07: „Мислам дека се разболувам“
  • 06.07: „Уште не се чувствувам 100% во форма“
  • 10.07: „Потребен ми е туш, се чувствувам грозно“
  • 11.07: „Премногу сум изморена“
  • 12.07: Секс
  • 13.07: „Не“
  • 14.07: (невербално)
  • 16.07: „Ја чекам серијата, не сакам да испуштам ништо“

Објавата на жената брзо привлекла внимание, а луѓето реагирале различно. Некои воопшто не го поддржувале сопругот.

„Разведи се пред да имате деца.“

„Нели сакате кога луѓето ги нарекуваат ‘болест, замор и стрес’ изговори. Зошто не размислите за туѓите чувства за промена? Ако жена ви одбива да има секс 27 пати по ред бидејќи едвај ги држи очите отворени на крајот од денот, можеби е време да помогнете малку, зарем не?

„Бев во ситуација со моето момче кога се обидував да иницирам секс и често бев одбивана. Да, беше лошо и се чувствував како да не ме посакува. Но не направив листа и не му ја испратив пред да замине на една и пол недела, а потоа да одбивам да разговарам со него. Разговарав со него и по неколку разговори проблемите се решија.“

Други се обиделе да најдат решение на нивниот проблем.

„Еве што ќе направиш. Напиши сè што сакаш да му кажеш од твојот имејл од работа. Поради некоја причина тој одлучил да го користи како негов метод на комуникација, па одговори користејќи го него. Тој го кажал неговиот дел, сега ти треба да го кажеш твојот.

Во имејлот прифати ги неговите грижи и кажи му дека ти е жал што можеби си го повредила. Извинувањето за повредување нечии чувства НЕ Е преземање на вината. Едноставно покажуваш дека знаеш дека личноста чувствува болка.

Заврши го имејлот со нешто вакво: Сакам да разговараме за ова за да дојдеме до решение што ќе биде добро и за двајцата. Те сакам и сакам да бидеш среќен. Може да побарам една услуга? Зачувај што и да имаш да ми кажеш за кога ќе се вратам дома. Разбирам дека си под стрес и сакам да можам да направам повеќе. За жал, јас сум сред деловно патување. Те молам разбери дека не ги игнорирам твоите грижи. Ќе разговараме за ова и ќе се чувствуваш подобро за нашата ситуација. Само ми треба да разбереш дека не можам да го направам тоа додека не те видам во живо.“

А некои целосно го поддржале сопругот…

„Вие мислите дека ова е обид на сопругот да ја заведе жената? Ова е порака на маж кој е очаен и гневен. Маж кој се соочил со толку многу одбивања без причина што чувствува потреба да ги брои. Да речеме дека започнал да ги документира обидите за секс пред 7 недели. Кога мислите дека сексот се намалил? Претпоставувам неколку месеци претходно. Навистина не верувам дека ова било изненадно како што жената сака да веруваме.“

Кое е вашето мислење за ваквиот пристап на сопругот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар