Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

Таа била нарекувана „еден од ретките амбасадори на неговото Величество“. Никогаш не се омажила. Станува збор за Гертруда Бел, родена 1868 година во семејство на богати индустријалци. Овие услови ѝ овозможиле да добие образование на највисоко ниво и живот каков што многу жени од тој период можеле само да си замислат. Откако ги завршила студиите на Оксфорд и дипломирала како еден од најдобрите студенти во 1888 година, Гертруда сфатила дека не сака да си го помине животот како домаќинка и добра викторијанска дама.

Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

Отишла во посета на вујко ѝ Френк Ласкел, кој во тој период бил британски амбасадор во Техеран, Персија и оттогаш животот ѝ се променил од корен. Наредните години Гертруда патувала во различни земји, учела странски јазици и се занимавала со археологија. Течно говорела арапски, персиски, француски и германски, а зборувала и италијански и турски. И покрај тоа, учењето странски јазици не било доволно за оваа дама и таа почнала да ги истражува пустините во Средна Азија каде ја познавале сите моќни племенски владетели. Исто така, таа завршила многу важна работа за британската разузнавачка служба кога започнала Првата светска војна.

Два пати го обиколила светот и се занимавала со планинарење и археологија. Во текот на нејзиниот живот таа била многу почитувана од британските офицери и била многу влијателна жена во тоа време.

Кога војната стивнала, Гертруда Бел станала движечка сила во британската политика на Средниот исток. Турското царство се распаднало и Велика Британија сакала прва да загосподари со Месопотамија.

Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

Благодарение на знаењето и врските кои ги стекнала на нејзините патувања во овие краишта, Гертруда одиграла клучна улога како медијатор помеѓу арапската власт и британските официјални лица. Историчарите се сложуваат дека токму оваа жена ги исцртала границите на денешен Ирак на картата на светот.

Различните етнички групи кои живееле во оваа земја биле обединети во една власт која требала да балансира со британските империјалистички интереси. Таа го назначила првиот крал и го надгледувала изборот на власта во таа држава.

Смртта на Гертруда Бел останува мистерија и денес. Таа на 12-ти јули 1926 година била пронајдена мртва, предозирана од таблети за спиење. Постоеле многу дебати околу тоа дали „кралицата на пустината“, како што ја нарекувале медиумите, извршила самоубиство или станува збор за случајно предозирање.

Смртта на оваа неверојатна жена е една од најголемите мистерии во светот

Се спомнувала дури и можноста за исценирано убиство кое го извеле нејзините политички противници, но целиот случај останал неразјаснет до ден денес. Гертруда Бел била погребана во Багдад. Кога умрела, имала само 57 години.

Нејзината мистериозна смрт сепак не го оспорува фактот дека Гертруда Бел била вистинска инспирација за жените од тоа време, а и денес сè уште претставува пример за независна, интелигентна и влијателна жена со неуморен авантуристички дух која се изборила за своето место во светот и постигнала неверојатен успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар