Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите!

Автор: Сара Турановиќ

Според една статистика, сламките се една од десетте предмети кои најчесто се оставаат на плажа. Па, следниот пат не ги фрлајте без целосно да ги искористите. Погледнете за што сè може да ви послужат.

1. Не дозволуваат вашиот накит да се заплетка

Често ви се случува вашиот тенок накит да се заплетка во текот на патувањето, зарем не? Земете ја сламката, откопчајте го ланчето и провлечете го низ сламката. На крај, закопчајте го од надворешната страна.

Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите!

2. Исчистете ги јагодите и вишните

Не ви е потребна дополнителна опрема за лесно да ги исчистите јагодите и вишните. Земете сламка и пикнете ја низ вишната така што таа ќе помине низ средината. На крај семката од вишната ќе излезе, а вие сте спремни да продолжете понатаму. Истата постапка важи и за јагодите.

Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите! Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите!

3. Ја чуваат храната да остане свежа

Храната побрзо се расипува кога во садот има воздух. За да го спречите ова, пред да ја вакумирате храната извлечете го непотребниот воздух со помош на сламка.

Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите!

4. Извиткајте ја косата

Не можете да ги пронајдете витлерите? Нема никаков проблем. Искористете ги сламките за да направете локни. Поделете ја косата на прамени. Секој прамен обвиткајте го околу сламката а потоа спојте ја сламката на краевите.

Сламките сепак не се бескорисни. Погледнете како би можеле да ги употребите!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    wowww

Остави коментар