Скенирањето на мозокот може да покаже дали сте заљубени

Скенирањето на мозокот може да покаже дали сте заљубени

По скенирањето на мозоците од 100 испитаници, од кои третина биле безнадежно заљубени во некого, научниците успеале да откријат некои промени во активноста на мозокот кои се однесуваат конкретно на љубовта. Заљубените луѓе покажале сѐ поголем и поголем број нервни активности во неколку регии на мозокот, вклучувајќи ја и компонентата на наградување која се активира кога сме со саканите личности.

Скенирањето на мозокот може да покаже дали сте заљубени

Истражувачите велат дека овие податоци ќе бидат од голема помош при расветлувањето на романтичната љубов во основа на нервните механизми и истакнуваат дека методите кои се користат претставуваат добар начин на истражување и анализирање на љубовта како појава и емоционално искуство.

На прашањето што е љубовта сè уште не е возможно да се даде конкретен одговор, но по зборовите на психолозите таа е мотивациска состојба да се влезе или да се одржува близок однос со некоја друга личност. Но, тоа не дава увид во основата на биологијата врз оваа интригантна состојба која се поврзува со подлабоките ефекти и чувства како еуфорија, страст, опсесија, промена на карактерот, па дури и ризикот.

Со тоа е јасно дека љубовта е комплексна мешавина од когнитивни, емоционални компоненти и компоненти во однесувањето.

За потребите на истражувањето, меѓународниот тим истражувачи од Кина, во Њујорк испитале 100 здрави студенти постари од 18 години, од Универзитетот Саутвест. Волонтерите биле поделени во групи врз основа на состојбата на нивните романтични врски. Категоријата „љубов“ се состоела од поединци кои во моментот биле заљубени или во романтичен однос со некого, категоријата „завршена љубов“ се однесувала на оние кои неодамна биле заљубени и повеќе не се, а категоријата „самци“ се состоела од луѓето кои не биле заљубени и не биле во романтична врска. Меѓу групите немало големи разлики во староста, образованието или приходите.

Истражувачите притоа ја користеле состојбата на мирување на функционалната магнетна резонанса за да ја истражат активноста на мозокот на сите студенти, додека тие не размислувале за ништо. На тој начин, научниците можеле да добијат поопширна слика за структурата на нивниот мозок. Се открило дека во споредба со другите групи, онаа која се состоела од заљубените испитаници, имала зголемена активност во неколку мозочни региони, вклучувајќи ги оние кои се активираат за награда, мотивација, емоција и социјално функционирање. Од друга страна, оние кои биле во групата „завршена љубов“ имале намалена активност во истите области.

Иако овие резултати се интересни, потребно е да се спомене дека истражувањето имало неколку интересни ограничувања. Имено, тоа не ја опфаќало должината на временскиот период, така што не знаеме за активноста на мозокот пред заљубувањето. Освен тоа, истражувањето се заснова на класификацијата на студентите според заљубеноста што е многу субјективна категорија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар