Синдром на искривено огледало: Барање мани и нивно преувеличување

Многу млади ја одредуваат својата вредност според она што го гледаат на социјалните мрежи, па дури и судат за физичкиот изглед. Убавината не е убавина додека другите не се согласат со тоа. Дали навистина е така?

Синдром на искривено огледало: Барање мани и нивно преувеличување

Кога грижата за сопствениот одраз во огледалото станува опсесија, психичкото здравје страда и време е да размислите за вашите приоритети.

Синдромот на искривено огледало значи дека личноста, најчесто адолесцент, постојано бара мани во својот изглед и истите ги преувеличува. Доколку една девојка не е задоволна од својот изглед, значајно го преувеличува тој аспект.

Овие мисли резултираат со несигурност и незадоволство, бидејќи тинејџерите се споредуваат со норми кои се наметнати од општеството и медиумите.

Во овој случај, младите се споредуваат со она што го гледаат со фотографиите од туѓите животи. Ова е познато и како социјална споредба. А колку повеќе се споредуваме, толку повеќе се зголемува нашето незадоволство. Како резултат, младите се чувствуваат недоволно прифатено, привлечно или успешно. Овие чувства се влошуваат доколку личноста и претходно имала лошо мислење за себе. Можат да се појават депресија, анксиозност и осаменост, па дури и нарушувања во исхраната како анорексија и булимија.

Напредокот на технологијата и начинот на комуникација го збогатува нашиот живот. Но, социјалните мрежи треба да се користат умерено и да не се дозволи тие да владеат со младите и со нивните животи.

Секој од нас има потреба да ги сподели своите искуства со другите, без разлика дали се добри или не. Но денес, на социјалните мрежи, туѓите животи секогаш изгледаат подобри и поисполнети за разлика од нашите. Ретко кој го покажува своето вистинско лице. Секој внимателно ја одбира содржината што ќе ја објави и се прикажува како личност којашто сака да биде. Луѓето се обидуваат да остават впечаток на подобра личност отколку што навистина се. Постојаната изложеност на вакви објави води до неизбежно споредување.

Адолесцентите сакаат да се чувствуваат прифатено и неретко имаат чувство дека се набљудувани од сите. Ова е дел од адолесценцијата и е познат како егоцентричност. Допаѓањата на фотографиите се важни, предизвикуваат задоволство, но ова трае многу кратко и за брзо се појавува нова потреба за истото чувство. Барањето на допаѓања може да биде и обид за враќање на сопствената вредност, како и чувство на припадност помеѓу врсниците.

Луѓето кои страдаат од емоционални проблеми повеќе време минуваат на социјалните мрежи, но не значи дека токму социјалните мрежи ги предизвикале самите проблеми. Можно е луѓето кои се соочуваат со овие проблеми да посегаат по социјалните мрежи барајќи прифаќање, признание, утеха или само да бегаат од своите емоции и осаменост. Сепак, важно е да им се помогне на децата да развијат здрава и подобра сика за себе, но и да се разберат.

Децата можеби знаат повеќе за технологијата од возрасните, но возрасните имаат повеќе искуство во животот. Развојот на здрав и квалитетен однос со детето е темел на секое родителство, а интервенцијата се заснова на овој однос.

Со текот на времето се развива критичко размислување, но важно е да им дадете до знаење на децата дека туѓите животи не секогаш се онакви какви што изгледаат на социјалните мрежи.

Адолесцентите дури тогаш учат да се справуваат со нивните несигурности, па секој родител треба да им ја покаже важноста на самостојното размислување. Добро би било да разговарате и за интересите на детето и да го прашате што всушност му значат социјалните мрежи. Прашајте го како се чувствува во врска со бројот на допаѓања на неговите фотографии и што тоа значи за него. Важно е да истакнете дека не треба да биде опседнато само со својот изглед, туку и да работи на другите аспекти како училиште, дружење, хобија и интереси. Понекогаш најдобро е да учите со пример.

Погледнете и зошто не е добро да се споредувате со другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар