Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Момчињата и девојчињата почнуваат да играат разни игри и да размислуваат различно уште во градинка. И покрај ова, барањата од двата пола во училиштето се исти. Ова е причината за овој необичен експеримент во училиштата во Русија.

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Училиштето 34 од Каменск-Уралски во Русија ги споделило првите резултати од експериментот кој започнал уште во 2014-та година. Наставниците од овие експериментални класови се убедени дека овој вид образование е подобар за децата.

Во експериментот момчињата и девојчињата добивале посебно образование, но заеднички социјални активности. Ова значи дека биле разделени само за време на часовите. Останатиот дел од времето како паузи, екскурзии и слични активности, и машките и женските деца биле заедно. По завршувањето на основното образование, класовите биле споени за комуникацијата помеѓу децата да биде реална, не само преку социјалните мрежи. Средното училиште е период кога се создаваат блиски пријатели и се носат важни одлуки, па ова е важна фаза од нивниот живот.

Во повеќето училишта со посебни паралелки, машките паралелки се обидувале да се фокусираат на спортови како хокеј и имале машки наставници за децата да имаат некој идол. Овие наставници водат курсеви за основи за здравје и безбедност или се тренери. За женските биле организирани часови по танцова кореографија и изработки со игла.

Момчињата и девојчињата си го одвлекуваат вниманието

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Психолозите се свесни дека кога има претставници од двата пола помеѓу учениците, тогаш кое било момче или девојче потсвесно ќе се обиде да импресионира некој. Поради ова им се одвлекува вниманието од предавањата. Како резултат предавањето е неуспешно, а децата не можат да се концентрираат.

Мажественоста на момчињата се „крши“ во основно училиште

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

И родителите и научниците знаат дека момчињата се обично 2-3 години зад девојчињата од нивната генерација и ментално и физички. Нивната лева хемисфера на мозокот созрева побавно. Поради ова образовниот систем во училиштето е насочен кон девојчињата. Може да биде навистина застрашувачко ако некој ви се смее додека одговарате пред целиот клас. На овој начин почнува да се развива комплексот на губитник, а со тоа и агресија кон соучениците и возрасните.

Природно е момчињата да преземаат ризици, да ја тестираат нивната волја, да бидат херои и да донесуваат одлуки за себе. Но можат ли да пораснат во силни мажи ако постојано ги тераме да повторуваат подготвени решенија и да седат мирно?

Женските сакаат јасни и специфични алгоритами

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Во паралелките поделени по пол на наставниците им е полесно да ја земат предвид психологијата на двете групи. Женските се срамежливи и прецизни во учењето. Деталите и самиот процес им се важни. Иако се добри во извршување обични задачи, одговарањето според одреден алгоритам додека се чувствуваат срамежливо пред клас полн со момчиња може да биде навистина тешко за нив.

Со отсуството на момчињата, девојчињата сметаат дека можат да зборуваат послободно и не им е страв да кренат рака или да направат грешка. Сакаат да си помогнат не грижејќи се дали некој ќе се шегува за тоа.

Момчињата го следат својот пат наместо да следат правила и подготвени решенија

Што се случува кога момчињата и девојчињата учат одделно 3 години?

Момчињата сами треба да си ги научат лекциите. Тие не ги извршуваат задачите чекор по чекор. Сакаат сами да ги состават правилата врз основа на она што им го кажува наставникот. Поради ова секоја задача им е како авантура. Нивната перцепција е поимагинативна и поемотивна. Момчињата сакаат да решаваат проблеми, активно учествуваат во наоѓањето на решението и сакаат да бидат први што ќе го откријат.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар