Што се случува кога ги „крцкате“ прстите на рацете и дали оваа навика е опасна?

Многу луѓе уживаат додека ги истегнуваат прстите на рацете и притоа се слуша звук на крцкање. Иако оваа навика може да се забележи кај многу луѓе, не треба да се претерува, затоа што може да му наштети на вашето здравје. Некои луѓе воопшто не го прават тоа, но признаваат дека од љубопитност се обиделе еднаш или два пати, но интересниот звук не можеле да го слушнат. Зошто е тоа така?

(1) Што се случува кога ги „крцкате“ прстите на рацете? Може да биде опасно

Звукот на пукање доаѓа од зглобовите на прстите поради нивно раздвојување и создавање меурчиња во течноста која што ги „подмачкува“. Тие меурчиња се создаваат благодарение на јаглерод диоксид којшто се обидува да ја исполни празнината меѓу зглобовите, којашто се создала со истегнувањето на прстите. Доколку зглобовите ги истегнувате многу често, тие меурчиња пукаат и исчезнуваат, со што се создава звукот кој го слушаме. Многумина кои ја практикуваат оваа малку необична навика, немаат конкретен одговор зошто го прават тоа. Некои велат дека едноставно им одговара и се чувствуваат убаво.

Сепак, експертите велат дека треба да бидеме многу внимателни затоа што тоа може да предизвика артритис – болест која предизвикува воспаление, болка, оток и вкочанетост на зглобовите и ткивата околу зглобовите, како и ограничување на движењето и функцијата на различни зглобови. Научниците забележале дека обично мора да поминат околу 20 минути, од едно до друго истегнување на прстите, за луѓето да можат повторно да го слушнат звукот. Во краткото видео можете да видите снимка од магнетна резонанса на која се прикажува што се случува во прстите кога ги истегнуваме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар