Што претставува „бакнежот на третото око“?

Бакнежот во челото е навистина моќен. Можеби звучи како нешто навистина лесно и слатко, но тој може да предизвика чувства кои се многу посилни од љубовта. Причината е што токму на ова место се наоѓа нашето трето око.

Што претставува „бакнежот на третото око“?

Секогаш кога ќе бакнете некого во чело, вие го бакнувате неговото трето око. Ова има многу поголемо значење отколку што би помислиле.

За разлика од бакнежот во усните или на образот, овој е многу поинтимен бидејќи го допирате јадрото на таа личност. Обично не правиме контакт со нашите чела. Ова не е нешто што го гледаме и правиме постојано, како држењето за раце и прегрнувањето.

Третото око е како портал до најдлабоките места на нашето битие и тоа може да нѐ однесе до највисокото духовно ниво. Тоа го претставува будењето и е голем дел од нас. Третото око се наоѓа точно помеѓу веѓите и може да биде отворано и затворано по наша желба, но само ако сме ја совладале таа техника. Тоа е невидливо присуство коешто е со нас од денот кога сме родени и продолжува да постои дури и кога животот ќе го напушти физичкото тело.

Ако некој ве бакне на ова место, ќе почувствувате вистинско просветлување. Доколку не сте знаеле, третото око е всушност епифизната жлезда која е сместена помеѓу веѓите. Многу работи ни се непознати за овој дел од телото, но истовремено имаме и многу длабоки знаења за него. На која страна од овој спектар се наоѓате, зависи од тоа каде ги барате вашите одговори.

Бакнежот на третото око има влијание на епифизната жлезда, како и на хипофизата. Ова го стимулира лачењето на мелатонин, хормонот што помага за спиењето. Всушност, секогаш кога ќе ве бакнат за добра ноќ ви помагаат многу повеќе отколку што мислите. Овој бакнеж не само што помага да се одморите, туку прави да се чувствувате безбедно и среќно. Можеме само да замислиме какво знаење имале нашите предци штом го направиле овој бакнеж толку честа појава.

Сосема е во ред да не знаете што да мислите за оваа појава, но секогаш можете и самите да пробате. Бакнете го вашиот партнер или некој којшто го сакате на челото. Почувствувајте ја божественоста како минува низ вас кон таа личност. Ако често го правите ова ќе забележите дека вашиот и животите на другите се менуваат, суптилно, но сигурно.

Бакнежот на третото око од страна на личноста којашто ве бакнува може да ве подмлади и да ви даде нова жед за животот. Па, следниот пат кога ќе добиете ваков бакнеж, обидете се да размислите како притоа се чувствувате.

Погледнете и кои видови бакнежи можат да ги откријат чувствата на вашиот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар