Што навистина сакаат наставниците за подарок за крај на учебната година?

Повеќето наставници среќно прифаќаат секакви подароци од нивните ученици (и нивните семејства) на крајот од учебната година. Но, што тие навистина сакаат? Погледнете ги нивните искрени одговори во продолжение…

„Ние не очекуваме ништо и цениме сè. Рачно напишаните честитки ни значат многу повеќе одошто мислите и верувајте ни, сите ги чуваме. Што се однесува до подароци, пенкалата во боја се секогаш добредојдени. Некои родители ме прашувале кое ми е омиленото кафе и ме почестувале – ова е навистина добар начин да се започне денот.“ – Џен

„Јас не пијам вино и многу ретко пијам кафе, но за жал најчесто тоа се подароците што ги добивам па затоа и ги подарувам на некој друг. Сакам сè што е корисно. Особени мали и слатки нешта како бележници, пост-ит, пенкала… Но, тоа што најмногу го ценам од моите ученици и нивните родители се искрените пораки или писма.“ – Џина

„Како наставник, морам да кажам дека најнезаборавниот подарок што сум го добил некогаш беше кога секое дете во одделението донесе по едно цвеќе за секој наставник. На крајот од денот ги споивме сите и добивме прекрасен букет со разновидни цвеќиња.“ – Гери

„Моите омилени подароци се рачно напишани пораки со благодарност од децата или родителите. Ги чувам сите нив во мојата работна маса и ги читам во текот на тешките денови. Неверојатно е тоа што родителите ми праќаат и позитивни имејлови, што потоа ги испраќаат и до директорот. Тоа ми значи премногу.“ – Џени

„Нешто корисно? Ресурси за изработки на проекти за кои најчесто самата ги купувам. Нешто најценето? Рачно направени или персонализирани подароци.“ – Миа

„Ја ценам секоја порака од ученик. Знам дека не е толку практично како утринско кафе, но многу ми помага кога знам дека мојот труд не е за џабе. Идејата е да направам промена и кога го гледам тоа, душава ми се полни.“ – Хедер

Прочитајте и зошто луѓето што стапуваат во брак со наставници се најсреќни.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар