Секс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?

Секс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?

Повеќето луѓе многу добро знаат со колку лица имале сексуални односи. Но, дали сте свесни со колку луѓе сте имале секс индиректно? Тој податок веројатно не ви е познат, но благодарение на една фармацевтска компанија од Велика Британија, бројот на индиректни сексуални партнери повеќе не е мистерија.

Секс калкулатор: Со колку луѓе сте спиеле индиректно?

Оваа фармацевтската компанија одлучила да ја разбуди свеста кај луѓето ширум светот така што создала секс калкулатор чија цел е да открие со колку луѓе сте имале индиректен сексуални односи во текот на вашето досегашно сексуално искуство.

Овој калкулатор функционира по теоријата на Милграм за шесте нивоа на разделеност, според која кои било две личности можеле да дојдат во контакт преку 6 други различни личности. Индиректниот секс не се однесува на вашите сексуални партнери, туку на луѓето со кои вашиот партнер имал односи, како и сите оние луѓе со кои неговите или нејзините партнери имале односи. Сите тие можеби за вас се непознати, но индиректно преку вашиот партнер вие сте имале сексуални односи и со нив.

Резултатите сигурно ќе ве шокираат, но тоа е и целта на овој проект кој се обидува да ја подигне свеста за опасностите на кои се изложувате секогаш кога сте сексуално активни, односно на ризикот од сексуално преносливи болести. По оваа шокантна бројка дефинитивно повеќе ќе внимавате и секогаш ќе користите заштита.

Подготвени сте да дознаете која е вашата бројка на индиректни сексуални партнери? Испробајте го овој секс калкулатор и дојдете до неверојатното откритие кое ќе ве загрижи, но и ќе го промени вашиот начин на размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар