Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Дури и покрај тоа што времето се стоплува, постојат одреден вид луѓе кои едноставно не можат да му избегаат на ладното. Особено во оние ситуации каде што се вклучени климатизери. Овие луѓе се посебни, нивните дланки и стапала постојано им делуваат како ледени коцки, и нивната борба со ладното чувство трае дури и за време на летните месеци. Можеби надвор е топло, но тие се премрзнати однатре. Па, доколку и вие спаѓате во оваа категорија луѓе, тогаш сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниве проблеми.

1. Ако заборавите да си земете нешто подебело за на работа, ќе смрзнете во канцеларијата

(1) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

И големи се шансите дека нема да завршите ништо од вашите работни обврски.

2. Можете да седите во кино, со џемпер и шал, и повторно да смрзнувате

(2) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Зарем е тоа можно? Сите околу вас уживаат во кратки ракави, а вие се тресете…

3. Секој што ќе ги допре вашите дланки или стапала, веднаш се исплашува

(3) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Во еден момент, тие дури се прашуваат и дали воопшто сте живи!

4. Мора да користите повеќе ќебиња во кревет, без разлика на поплаките на вашиот партнер

(4) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Ако не си направите сопствено гнездо, големи се шансите дека ќе се разбудите како мразулец.

5. Токму поради студот и не сакате наутро да станете од вашиот кревет

(5) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Надворешниот свет е толку ладен и без топли ќебиња!

6. Постојано размислувате да си донесете греалка на работа

(6) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Вашите колеги можеби ќе ве исмејуваат, но тоа тотално ќе вреди.

7. Термостатот е најголемата причина за караници во вашиот дом

(8) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Никој не разбира дека 20 степени за вас е исто како да сте се закопале во снег.

8. Знаете дека најверојатно никогаш нема да можете да носите шорцеви

(7) sekojdnevni-problemi-so-koi-se-soochuvaat-samo-onie-lugje-na-koi-postojano-im-e-ladno-www.kafepauza.mk

Тие можеби изгледаат слатко, но во истиот момент кога ќе налетате на климатизер – ќе смрзнете!

9. Преферирате водата за туширање да биде на граница пред да почне да ја гори вашата кожа

(9) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Тоа е единствениот начин да го стопите ледот кој секогаш се формира околу вас.

10. Кога во кафуле или ресторан ве прашуваат дали сакате маса внатре или надвор, вие најпрво сакате да ја проверите внатрешната температура пред да одлучите

(10) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Целта е да откриете каде е потопло, внатре или надвор…

11. Никогаш не можете да ја погодите температурата во вашиот автомобил

(11) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Еден момент е премногу топло, а веќе во следниот ладен воздух се удира во вас.

12. Бричењето на вашите нозе никогаш не ви било приоритет

(12) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Зошто би сакале да се ослободите од совршениот џемпер, исплетен од природата?

13. Почнувате да сочувствувате со гуштерите

(13) Секојдневни проблеми со кои се соочуваат само оние луѓе на кои постојано им е ладно

Тие се секогаш студени и ја разбираат вашата секојдневна битка!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар