Сè уште се чувствувате како дете? Според науката адолесценцијата трае подолго

Сè уште се чувствувате како дете? Според науката адолесценцијата трае подолго

Ако сте во вашите 20-ти, но сè уште се чувствувате како дете, во продолжение ќе ги добиете најубавите вести во вашиот живот. Според BBC, постои движење од социјални научници кои се обидуваат да ги поместат границите на адолесценцијата. Всушност, според овие научници ако имате помалку од 24 години, вие на некој начин сè уште сте тинејџер, а не возрасна личност. А ако сте во доцните 20-ти, сте биле возрасни само неколку години, па сосем нормално е што понекогаш донесувате неправилни одлуки.

Сè уште се чувствувате како дете? Според науката адолесценцијата трае подолго

Движењето може да промени неколку закони и стандарди

Причината зад ова движење е тоа што нашата култура е многу поразлична од онаа на генерациите пред нас. На пример во Англија, од каде што потекнува движењето, просечната возраст за стапување во брак е 32 години за мажите, а 30 години за жените. Во просек, ова е 8 години подоцна за разлика од 1970-тите. Ова одложување на бракот драстично го менува начинот на кој ние како генерација ѝ пристапуваме на зрелоста.

Иако многу легални привилегии започнуваат кога ќе наполниме 18 години, прифаќањето на зрелите улоги и одговорности се случува многу подоцна. Со други зборови, додека сме во 20-тите не стануваме родители, не купуваме домови и не инвестираме во иднината како што правеле нашите родители. На некој начин сè уште сме полузависни.

Полузависноста е честа карактеристика на адолесценцијата

Да сте полузависни значи дека не функционирате целосно независно од вашето семејство. Можеби сè уште живеете со родителите, или пак често одите кај нив бидејќи немате ваше семејство. Ви звучи познато? Целта на научниците е да ги усогласиме нашите социјални норми со новата дефиниција на адолесценцијата. На пример, социјалната помош за децата со посебни потреби би требало да се одвива до 24 години.

Иако во Велика Британија можеби се обидуваат да го прифатат ова, сепак многумина се загрижени дека поместувањето на границите само ќе ја влоши ситуацијата со таканаречените премногу зависни милениумци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар