Се наоѓа на 258 метри под морското ниво: Дали е ова најстариот град на светот?

Се наоѓа на 258 метри под морското ниво: Дали е ова најстариот град на светот?

Кога станува збор за најстарите градови во светот се споменуваат Луксор во Египет и Дамаск во Сирија. Некои историчари пак, тврдат дека титулата најстар град на светот му припаѓа на Ерихон – палестински град во долината на реката Јордан кој денес брои околу 20.000 жители. Се работи за една од најстарите населби во светот каде се пронајдени докази за живот стари околу 11 илјади години.

Се наоѓа на 258 метри под морското ниво: Дали е ова најстариот град на светот?

Се верува дека неговите први жители биле ловци од средното камено време, додека пак археолошките ископувања и откривањето канали за наводнување, српови и остатоци од жито, потврдиле дека на ова место пред илјадници години живееле земјоделци. Имено, областа околу Ерихон е позната по одгледувањето урми, банани, зеленчук и цвеќиња.

Археолозите го потврдиле постоењето на дваесетина населби во доцното камено време. Населбите биле опкружени со бедеми со кули, а луѓето живееле во живеалишта од исушени тули. Во текот на својата долга историја, областа на Ерихон била населена со номадски племиња како Аморејците и Ханаанците. Во Библијата се споменува дека Исус Навин го освоил Ерихон при влегувањето во Ветената земја.

Покрај историските факти, друг занимлив податок за градот е дека се наоѓа на 258 метри под нивото на морето, но и е во близина на Мртвото Море.

Откако прочитавте за Ерихон, можеби ќе сакате да прочитате и за најстариот познат археолошки локалитет.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар