Само за најхрабрите авантуристи: Посетете ги најчудните ресторани во светот

Кога патувате обично сакате да ја пробате традиционалната кујна која е карактеристична за земјата во која престојувате. Исто така, додека го планирате патувањето се информирате за евтините јадења со добар квалитет или што ново би можеле да пробате за кое не сте имале прилика досега. На овој начин ќе доживеете сосема поразлично искуство и без сомнение засекогаш ќе ја запомните земјата во која сте престојувале. Доколку сакате необични работи, па со самото тоа и ресторани кои по изгледот и услугата се разликуваат од она што веќе го имате во вашата земја, овие најчудни ресторани во светот се вистинскиот избор за вас.

1-samo-za-najhrabrite-avanturisti-ova-se-najchudnite-restorani-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

1. Висечки ресторан во Белгија

Воздухот е едно од најчудните места на кои можете да уживате во ручекот или вечерата. Ако ви досадило да ја консумирате храната во ресторани на земја, можеби треба да отпатувате во Белгија и да го посетите ресторанот „Вечера на небото“ кој се наоѓа на 50 метри над земјата и виси во воздухот со помош на дигалки. Храната се подготвува и послужува на лице место. Гостите, како и главниот готвач, се врзани со сигурносни појаси.

2. Подводен ресторан на Малдиви

Малдивите се дефинитивно рај на земјата заради бескрајно долгите песочни плажи и кристално бистрата морска вода. Најегзотичната дестинација на светот на своите посетители им нуди и подводен интернационален ресторан кој се наоѓа на островот Рангали и се нарекува „Ита“. Овој бисер меѓу рестораните е сместен на 5 метри под нивото на морето, и вистинско уживање е да ги гледате рибите како пливаат околу вас.

3. Ресторан под земјата во Кенија

Ресторанот „Пештерата на Али Барбур“ се наоѓа на 30 километри оддалеченост од градот Момбас во Кенија, покрај песочната плажа Диани. Самиот ресторан се наоѓа на околу 10 метри под површината на земјата, но не грижете се, во овој ресторан не владее мрак благодарение на природниот отвор на пештерата и сончевите зраци кои се пробиваат до масите.

4. Ресторанот на карпа во Занзибар

Островот Занзибар е познат по своите песочни плажи и кристално чистото море. Она по што Занзибар е исто така познат е ресторанот „Карпа“ кој се наоѓа на коралниот гребен сместен недалеку од местото и плажата Мичемви Пинга.

5. Висечки ресторан во Кина

Кинезите се познати по тоа што сакаат да прават атракции на небото, а едно такви чудо е и ресторанот „Фангвенг“ кој буквално виси над реката Јангце во пештерата позната под името „Пештера за три патници“. Што се однесува до менито, се послужуваат исклучително локални специјалитети.

6. Тоалет-ресторан во Тајван

Помеѓу најчудните објекти во светот дефинитивно се наоѓа и тајванскиот ресторан чиј ентериер е инспириран од изгледот на тоалетот. Синџирот ресторани „Модерен тоалет“ се наоѓаат во градот Таипеи. Главното јадење се послужува во чинии кои имаат облик на тоалетна школка.

7. Ресторан на дрво во Нов Зеланд

Нов Зеланд е познат по нереалните пејзажи, опкружени со многу зеленило, но во оваа земја се наоѓа и ресторанот „Редвудс“ кој е сместен на куќичка на дрво. Тој е изграден помеѓу крошните и земјата, па затоа и се вбројува помеѓу најчудните ресторани на светот. Се наоѓа на висина од 10.

А, доколку сте вистински романтични души, тогаш вреди да посетите барем еден од најромантичите ресторани во светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар